Кешишев: Палчо држеше пиштол и пукаше, потоа ни нареди да го закопаме телото, а тој ги бришеше лопатите и копачот со WD40

April 2, 2025
2 mins read

Влатко Кешишев, обвинет во случајот со грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска, дава исказ пред судот на денешното рочиште.

Кешишев кажа дека не знаел да убиството на Панче, дека го дознал кога се вратиле во партија.

„Целта беше првично да се најде возило, да се најде човек кој живее сам и кој нема многу пари за да бидат полесни околностите“, рече Кешишев на прашање на неговиот адвокат Дејан Ефремов.

„Јас бидејќи чекав подолу, не знаев дека Панче е убиен и фрлен во дупката. Јас тоа го дознав кога се вративме во партија“, рече Кешишев.

Ефремов: Дали ти ја знаеше личноста која треба да биде грабната?

Кешишев: Не, видов отпосле кога видов се на Фејсбук. 

Ефремов: Кога за прв пат видовте дека станува збор за девојче?

Кешишев: Откако се се заврши, истиот ден кога видовме на Фејсбук. Грабнувањето беше за уцена за пари. 

Ефремов: Дали знаете колку пари требаше да се земат и кој требаше да ги земе?

Кешишев: Не. Еднаш му кажав на Палчо, мислам дека тоа беше пред со Панче да се случи, дека невозоможни се такви работи и дека не се потребни. Тој ми кажа да молчам, да седам на страна и да не се мешам. Ова може и тој да го потврди, бидејќи така беше. Панчо и Вељо беа во таков договор. Договараа што и како да биде, тој муабет се правеше подолго време. 

Ефремов: Чија беше идејата да се грабне личноста од таа зграда?

Кешишев: Палчо го правеше планот да се грабне жена од таа зграда. Мојата улога беше само да ја донесам колата без зграда и да го отворам гепекот. И потоа да седнам на совозачко седиште.

Ефремов: Дали кога се движевте од зградата до местото Бразда, знаевте кој е во вреќата?

Кешишев: Никој ништо не прозборе, се додека не пристигнавме до местото. Кога стигнавме Палчо ми рече подоле на 20-тина метри да останам, за да внимавам да не дојде некој. Два три пати се завртев да видам што се случува. Првиот пат видов како разговараат, гепекот беше отворен, не знаев што разговараат бидејќи беа подалеку. Го кажувам целиот настан како што беше. Чекав таму цело време, а тие стоеа и разговараа. После се завртев пак гледав дека копаа и последниот пат кога се завршев Палчо држеше пиштол. Пак се завртев и ме опомена пак да гледам кон патот да не наиде некој. И после слушнав истрел, пукање, ама некако тапо беше… На крајот ме викна да побрзаме да се затрупа телото. Се што најдовме таму фрлавме, буниште беше тоа, се и сешто имаше. Потоа Палчо ги избриша лопатите и копачот со WD40 ги стави во Кангуто, влеговме позади во Кангуто јас и Боре, а Палчо возеше, а по нас тргна Велибор со Цитроенот. Потоа ми нареди да ги фрлам лопатите и копачот, и продолживме до местото каде што треба да се запали Цитроенот.

Реагираше адвокатот на Палчо, кој вели дека судијата му сугерира на обвинетиот Кешишев што да сведочи. Судијата возврати дека тешко е да се разбира и дека не му сугерира туку сака само подетално да раскажува.

„А, да бидам искрен и малку дијалектот ми е проблем тешко го разбирам“, додаде судијата.

Кешишев продолжи со сведочењето:

„Кога се вративме во партија јас отидов да сварам кафе. Јас тогаш отворив Фејсбук и тогаш видов слика дека се бара девојчето. Му ја покажав и сликата на Палчо и го прашав, што е ова? Не ми одговори ништо. Јас се повлеков во кујната, таму имав и кревет“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Има материјална штета во Батинци, но жителите не се во опасност од Маркова река, објави ДЗС

Следно

Велика Британија воведе електронски дозволи за влез на европските државјани

Latest from Blog

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Go toTop