Кејн му пресуди на Фламенго

June 30, 2025
1 min read

Најтрофејниот германски клуб; Баерн го елиминираше Фламенго, клуб со најмногу регистрирани навивачи во светот и резервира место во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА: Баерн го победи Фламенго со 4:2 (3:1) пред 60.000 навивачи во Флорида.

Фламенго официјално има 46,9 милиони регистрирани навивачи, што го прави најпопуларниот клуб во светот. Пресметано е дека 21,9 проценти од населението на Бразил го поддржуваат овој клуб.

Во битката за полуфиналето, Баварците ќе се сретнат со европскиот шампион, Пари Сен Жермен, кој во првиот натпревар од денот го декласираше домашниот тим Интер Мајами со резултат од 4:0.

Фламенго го реши најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн. Англичанецот постигна два гола во деветтата и 73.минута. Баерн до предност дојде со авто голот на Пулгар во шестата минута. Еден гол за Баварците постигна Леон Горецка.

Головите за Фламенго ги постигнаа Жерсон во 33. и Жоргињо во 55.минуута.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајаноски: Борбата против родовата еднаквост е дел од пропагандната војна на Русија против Западот

Следно

Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни над 16 000 места

Latest from Blog

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа шефовите на дипломатиите на Германија и Франција

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот француски колега Жан-Ноел Баро оценија во Берлин дека е време Европската Унија да преземе нови чекори во насока на проширување, објавија германските медиуми.

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени

Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството

Голем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ

фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X) Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во
Go toTop