Ќе се направи ли преседан – за прв пат изборен циклус без прв човек на ДКСК

August 12, 2025
1 min read

Институционален пинг понг за избор на нов претседател на ДКСК, откако антикорупционерите му се обратија на Собранието. Денеска тоа повторно ја врати топката кај нив-тие да дадат мислење дали во период на веќе распишани избори треба да донесат одлука за избор на прв човек на Антиорупциска.

Во краток допис Собранието им посочува:

„Со престанокот на мандатот на претседателката на ДКСК Собранието постапи согласно роковите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. Тоа се законски рокови кои мора да бидат испочитувани. За понатамошно постапување во Собранието ќе се направат соодветни консултации. Дополнително, Собранието денеска упати барање за мислење до ДКСК.“

Ова следува откако ДКСК побара мислење од парламентот. Како ќе постапат антикорупционерите по денешниот допис од Гаши? Во текот на денот од Антикорупциска ни потврдија дека е пристигнат дописот, но сепак доцна попладнето не беа достапни за официјален став. Потврдија дека комисијата го разгледува добиениот допис од Гаши. Во меѓувреме за утре е закажана седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата, а на дневен ред е Формирање на Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК. 

Иако законски јасно е објаснето дека избор на претседател на комисијата не спаѓа во итни и неодложни работи што води во насока на тоа дека би требало изборот да се стави во мирување, сепак се уште се чекаат официјалните ставови. Претходно, поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска кажа дека очекува самата постапка за избор да се одолговлекува до самиот крај.

Билјана Ивановска-поранешна претседателка на ДКСК

„Се ближат избори, нека си мислат сите тие пратеници каква доверба во нив ќе имаат граѓаните. Очекувам дека ќе се одолговлекува до последно. Во законот стои дека Собранието може да ја разреши доколку шест месеци неоправдано отсуствува од работа, може ќе играат и на таа карта бидејќи таа неоправдано отсуствува од работа.“

Државната комисија за спречување на корупцијата остана без претседател, откако Татјана Димитровска си поднесе оставка во Собранието, поради бурните реакции во јавноста за двете обвиненија за неа за оддавање службена тајна и компјутерски сертификат. Димитровска е опфатена во случајот „Адитив“ кој се однесува за сомнителна набавка на адитиви за ТЕЦ Неготино и ЕСМ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството ќе издава лиценци на стоматолозите – обуките ќе се организираат во два јавни факултети

Следно

Савовски: Дуелот со Грција е еден од најважните летово

Latest from Blog

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата

Меџити од Долна Баница: Време е за конкретни дела, не за зборови

Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од

Последен извештај од 20:30 часот: Сообраќај во зимски услови, сите патишта се проодни

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Слаби врнежи oд снег има на Попова Шапка, а во Македонски Брод, Крушево и Ресен има слаби врнежи од снег
Go toTop