Ќе се доцни ли со правосудните реформи? Мицкоски: Обвинителството и судството се неми и неефикасни

April 23, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски повторно ги критикуваше обвинителите и судиите. На дебата посветена на реформската агенда усогласена со Европската Унија, тој истакна дека не може да има европско општество ако обвинителот бира по кого ќе отвори предмет, а по кого ќе премолчи, додека Судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по закон.

„Уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание. Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во фокус се реформските закони од правосудството, чиј рок беше поставен за јуни годинава. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ги потенцираше Законите за Јавното обвинителство и Судскиот совет, но оцени дека динамиката за одредени закони треба да се забрза за да се запазат и роковите од агендата. Во спротивно, надежта за законите од правосудството е во 12-те месеци грејс период.

„Реформите таму бараат поголем општествен консензус, а тоа значи поголемо време за да се усогласат. Тоа не значи дека се доцни поради недоволна координација, туку тие процеси по природа апсорбираат повеќе време“, изјави министерот за европски прашања, Охран Муртезани.

Шведската амбасадорка Ами Ларсон Јаин потсети дека преку Планот за раст на Македонија и стојат на располагање над 700 милиони евра, ако ги исполнува реформите.

„Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан претставува моќен показател за стремежот кон помагање на Македонија од Европската Унија“, изјави Ами Ларсон Јаин, амбасадорка на Шведска.

Министерот за правда Игор Филков за минатата недела најави прес-конференција на која требаше да појаснува до каде се законите од правосудството, но пресот беше одложен. Неговата работа беше мета на критики и од страна на пратеникот Антонијо Милошоски, според кого Филков има слаби перформанси и законите веќе требало да бидат во собраниска процедура.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕЛА СО ФОКУС НА ПРИРОДАТА ОД КОЛЕКЦИЈАТА НА МСУ СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ СЕ ИЗЛОЖАТ ВО МУЗЕЈОТ МЕТЕЛКОВА ВО ЉУБЉАНА

Следно

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка
Go toTop