Ќе отвора ли Запад втор фронт на левото руско крило?

October 26, 2023
1 min read

Кон крајот на септември, американскиот владин портал Радио Слободна Европа (на руски јазик) обелодени дека тројца странски оперативци биле повикани на сослушување од грузиската служба за безбедност, за наводно помагање на опозициските елементи во подготовка за промена на режимот во стилот на Мајдан и другите Шарени револуции. Веста беше игнорирана од речиси целиот западен медиумски блок.

Се работи за оперативци на Центарот за применети ненасилни акции и стратегии (КАНВАС) кои „привремено престојувале во Грузија“. КАНВАС е организација финансирана од американската влада со блиски врски со ЦИА која обучувала активисти за промена на режимот од Источна Европа до Венецуела.

На својата веб-страница, групата се фали дека обучила преку 16.000 активисти во 52 земји од нејзиното основање во 2003 година и „инспирирала“ 126 „успешни“ политички кампањи ширум светот.

Грејзон на Макс Блументал додава дека ако луѓе на КАНВАС се присутни во една земја, не треба многу да се нагаѓа што име агендата.

На Запад, властите во Грузија се прикажуваат како про-Кремљ иако тие главно се обидуваат да балансираат меѓу Истокот и Западот. Нивниот вистински грев е недоволната поддршка на прокси-војната во Украина.

Ако операцијата на КАНВАС успее, ќе се отвори втор фронт во таа војна на западното крило на Русија. Развојот на настаните ги потврдува претходните предупредувања од грузиските безбедносни служби.

За водечки завереници се наведуваат етнички Грузијци кои работат за украинската влада: Ѓорѓи Лорткипанидзе, заменик началникот на военото разузнавање на Киев; Михаил Батурин, телохранител на поранешниот претседател Михаил Саакашвили; и Мамука Мамулашвили, командант на озлогласената Грузиска Легија.

Претходно Грејзон обелодени дека Мамулашвили од Грузиската Легија имал централна улога во масакрот на демонстрантите на Мајдан, што беше клучен момент во рушењето на Виктор Јанукович. Тој ги имал донесено пукачите на Мајдан за да посеат хаос отворајќи оган кон толпата, тој ги снабдил со снајпери.

Грузиски извори велат дека поседуваат докази дека млади анти-владини активисти се обучуваат во близина на украинската граница со Украина, за да се исценира слична шема, што би вклучувал некаков смртоносен инцидент за верме на планираните протести во Тбилиси меѓу октомври и декември.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Можни датуми за изборите – Мицкоски ја повика власта да одлучи сама, ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати

Следно

Набавка на дронови во текот на следната година, најави Петровска

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop