Ќе има нови интересни случаи со апсења – Тошковски вели дека материјалот што го имаат дава докази и за други случаи

November 5, 2024
1 min read

Случајот со уапсените поранешните полициски службеници вмешани во акцијата во Грчец отвора докази и за многу други предмети. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека Јавното обвинителство работи на доказите, кои, како што рече е обемен материјал што наскоро ќе отвори нови случаи.

„Во рамки на доказниот материјал кој што се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција постојат навистина обемен број на докази. Сите оние докази кои што се анализираат се прибавени од онаа СКАЈ апликација која што ни е дадена од страна на нашите меѓународни партнери, така што сметам дека во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста а поврзани со организиран криминал и висока корупција“, вели Панче Тошковски.

Тошковски не сакаше да прецизира дали случаите што ќе следат се со дела поврзани со овој или за сосема други и дали се работи повторно за службеници од МВР. Во случајот се уапсени три лица од кои двајца поранешни главни инспектори за недозволена трговија со дрога кои пренесувале информации на криминалната група од скопски Грчец.

„Овој случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои што се теретат, кои што денеска не се повеќе полициски службеници, но во рамки на информациите кои што ги имам станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Претпоставувам дека во иднина ќе следат поголем број на случаи кои што се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на СКАЈ апликацијата“, вели Панче Тошковски.

Пензионираните инспектори доставувале информации до групата од Грчец уште од 2019 година кога известиле за примената на посебни истражни мерки и дека полицијата ќе прави рација поради што пропаднала полициската акција против оваа група. Во наредниот период ги известувале и за двојното убиство во скопско Чаир за тоа кој е приведен и што изјавил во полициска станица, а за се ова биле добро платени. Обвинителството очекува од судот да им изрече мерка притвор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО 4 НОМИНАЦИИ ЗА „СОСЕДНАТА СОБА“ И „ЕМИЛИЈА ПЕРЕЗ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

Следно

Тошковски: Ефикасна прекугранична полициско-царинска соработка за успешна борба со шверцот на мало и лесно оружје и криумчарењето мигранти

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop