Ќе ги одработуваме ли неработните денови од изборите – Еве што велат од Владата

April 17, 2024
1 min read

Деновите на одржување на претседателските и парламентарните избори – 24 април и 8 мај – кои Владата уште минатата недела ги прогласи за неработни за сите граѓани, нема да се одработуваат.

Ваква одлука била донесена на вчерашната владина седница.

„Владата заклучи 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател и изборите за пратеници во Собранието. Овие два неработни дена нема да се одработуваат“, соопштија од Владата по вчерашната седница.

Оттаму информираат дека одлуката се однесува на сите граѓани на територија на државата.

Минатата недела Владата одлучи деновите на одржување на изборите да бидат неработни за сите граѓани, а на работодавачите од приватниот сектор им препорача да ги спроведат овие заклучоци.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хороскоп: Бикот помалку да зборува, а Овенот да ги отфрли сомнежите

Следно

Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop