Кавани ја заврши репрезентативната кариера

May 31, 2024
1 min read

Прославениот уругвајски фудбалер Едисон Кавани (37) објави синоќа дека ја завршува репрезентативната кариера, збогувајќи се со националниот дрес како втор најдобар стрелец во историјата на својата земја,

Кавани рече дека донел одлука да стави крај на репрезентативната кариера за да може да се фокусира на крајот на клупската кариера.

Уругвајскиот напаѓач во моментов настапува за аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

„Бев благословен да го носам овој дрес и да го претставувам она што најмногу го сакам во светот, мојата земја“, изјави Кавани.

За уругвајскиот тим Кавани одигра 136 натпревари и го зазема третото место на вечната листа зад Диего Годин (161) и Луис Суарез (137).

Со репрезентацијата учествуваше на четири светски првенства, а во националниот дрес постигна 58 голови. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина смее да бомбардира на руска територија со американско оружје

Следно

Комеморација за Џаро во понеделник во Ѓорче Петров, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop