Катни гаражи, кружен тек… градската каса потешка за 166 милиони денари

March 12, 2026
2 mins read

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот.

Според скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, овие средства се обезбедени како резултат на подобрата наплата и се резултат на домаќинско и одговорно работење, без ново задолжување.

– Секогаш кога ќе обезбедиме средства на ваков начин, ќе одиме на ребаланс на буџетот за реализација на проект плус, за разлика од претходно, кога биле правени ребаланси кога се подигале заеми – истакна Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека со ребалансот е направена консолидација на буџетот и дека се укинати и непродуктивните трошоци.

Притоа, потенцираше дека со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Северна Македонија, со цел подобрување на сообраќајната проточност на една од најоптоварените сообраќајни точки во градот. Паралелно, Град Скопје ќе започне и со изградба на две монтажни катни гаражи во рамките на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, со капацитет од околу 500 нови паркинг-места и инвестиција од околу три милиони евра.

– Со тоа се очекува значително да се намали долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс. Во минатото само бил констатиран проблемот, но никој не влегол во костец за негово решавање. Во кругот на клиничкиот центар има место за три монтажни паркинзи, но сега ќе се реализираат два – наведе Ѓорѓиевски.

Тој објасни дека има и други локации каде што има недостиг на паркинг-места, како што се Аеродром, Центар, Карпош, кои ќе се решаваат.

Градот ќе биде задолжен за проектирање, изградба и управување со гаражите, со цел да се избегне дополнително поскапување на паркингот за граѓаните.

Ребалансот предвидува и инвестиции во образованието, преку поставување топлотни пумпи во училиштата, со што ќе се елиминира греењето на нафта, како и преку поставување фотоволтаици, за што се предвидени 35 милиони денари, санација на училишните дворови и нова урбана опрема, но и раздолжување на јавните претпријатија.

– Во овој ребаланс има капитални инвестиции, проекти што ќе го зголемат квалитетот на животот на граѓаните – нагласи Ѓорѓиевски.

Советниците од Левица не го поддржаа ребалансот со образложение дека не знаат за што ќе гласаат, бидејќи немало јавна презентација на проектите, па не знаеле што ќе се гради, односно во него имало работи што не биле добро испланирани.

Тие се и против изградбата на лунапаркот, бидејќи, како што истакнаа, треба да се обнови тој во границите што ги има, бидејќи Градскиот парк, според нив, не смее да се урбанизира. Побараа презентација на проектот во најкраток можен рок.

На тоа Ѓорѓиевски возврати дека советниците од Левица не сакаат монтажни паркинзи, топлотни пумпи во училиштата и фотоволтаици, ниту лунапарк и ниту еднаш не дале коментар околу дислоцирањето на старите дискотеки во Градскиот парк.

– Лунапаркот ќе се гради. За многу брзо време ќе почнат градежните активности. Тоа ќе биде лунапарк во кој нашите најмлади ќе креираат спомени. Тој му е потребен на градот – дециден е Ѓорѓиевски.

Субвенции од Градот за набавка на мали контејнери

Град Скопје ќе го субвенционира јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со 40 милиони денари, нешто повеќе од 650.000 евра, за набавка на таканаречени мали контејнери, со зафатнина од кубен метар.

Оваа одлука беше донесена на вчерашната седница на Советот на Град Скопје.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Финалисима“ се сели од Катар во Мадрид

Следно

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Latest from Blog

Меџити ја пречека в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир, оствари средба со Никол Варнс, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје. На средбата беа разгледани актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и

Њујорк Тајмс: ТРАМП ГО ПОТЦЕНИ ИРАН, СЕГА ВЛАДАТА НЕ ГО ЗНАЕ ИЗЛЕЗОТ ОД ВОЈНАТА

Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и

„Финалисима“ се сели од Катар во Мадрид

Дуелот помеѓу европскиот шампион Шпанија, и јужноамериканскиот Аргентина, кој што требаше првично да се одигра во Катар на 27 март, на стадионот Лусаил, поради новонастанатата ситуација ќе се пресели најверојатно во Шпанија,
Go toTop