Катедралата Нотр Дам во Париз ги отвора вратите за посетителите кон крајот на годината

January 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Катедралата Нотр Дам, една од познатите историски знаменитости на Франција, која со години се реновира по пожарот што избувна во 2019 година, ќе ги отвори своите врати за посетителите на крајот на годината, пренесува Анадолу.

Работите на обновата на 800 години старото историско наследство во главниот град Париз стигнаа до завршната фаза, објави „Франс инфо“.

Филип Јост, претседателот на „Rebatir Notre-Dame de Paris“, јавната организација одговорна за обнова на катедралата, изјави дека остануваат уште помалку од 11 месеци до завршувањето на работата.

Според него, катедралата Нотр Дам ќе биде отворена за богослужба и посети од 8 декември.

Пожар од непознати причини избувна на 15 април 2019 година во катедралата, која се смета за симбол на христијанството во Франција, чии темели ги поставил папата од тој период во 1163 година, а за нејзино завршување биле потребни 300 години.

Една од кулите високи 96 метри и покривот на катедралата, кој за кратко време беше зафатен од пламенот, целосно се урнаа, а зградата беше тешко оштетена.

За обновата на катедралата собрана беше рекордна сума донации од целиот свет во износ од 844 милиони евра.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на заболени од голема кашлица во Србија не се намалува

Следно

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, телефонски разговараше со неговиот малезиски колега

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop