Катастрофа во Индија: Се урнаа згради, 12 лица исчезнаа по обилните дождови

September 18, 2025
1 min read

Најмалку 12 лица се водат како исчезнати откако згради се урнале поради силни врнежи од дожд во градот Чамоли, во индиската сојузна држава Утараканд, соопштија денеска локалните власти.


Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дхами, изјави дека локалната администрација, Државната служба за одговор при катастрофи (SDRF) и полициските тимови веднаш пристигнале на местото на настанот и се ангажирани во операции за помош и спасување, пренесува Indian Express.

Спасувачките екипи досега успеале да извлечат две жени и едно дете кои биле заробени под урнатините, а околу 200 жители се евакуирани на безбедни места.


Урнувањето на зградите во Чамоли се случи два дена откако 23 лица загинаа во свлечишта и излевање на реки во Дехрадун и соседните окрузи на Утаракан.

Патиштата во тој дел од Утаракханд се блокирани од поплави и лизгање на земјиштето, што ги отежнува спасувачките напори.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РЕЦЕПТ за рум бомбици кои се топат во уста

Следно

Најлошиот Манчестер во историјата бележи рекордни профити

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop