Катар вели дека негов приоритет е да се стави крај на војната во Газа и да се спречи нејзино проширување

January 25, 2024
1 min read

ДОХА (АА) – Катар соопшти дека завршувањето на израелската војна во Појасот Газа треба да биде приоритет за да се спречи нејзино проширување во регионален конфликт, пренесува Анадолу.

„Мора да му се даде приоритет на завршувањето на војната во Газа и да се спречи нејзиното проширување, што придонесува за зајакнување на безбедноста и стабилноста на регионално и меѓународно ниво“, рече премиерот на Катар, шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, за време на средбата со британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон, во Доха.

Според соопштението на Министерството за надворешни работи, Ал-Тани повикал на удвојување на регионалните и меѓународните напори за намалување на тензиите во регионот.

На средбата беа разгледани билатералните односи и регионалните случувања, се вели во соопштението.

Камерон пристигна во Доха рано во четвртокот, како дел од регионалната турнеја, во чии рамки ќе ја посети и Туркије. Тој веќе ги посети Израел и Западниот Брег.

Израел започна смртоносна офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 25.700 Палестинци, а 63.740 беа повредени. Се верува дека во Израел загинале речиси 1.200 лица.

Според ОН, израелската офанзива остави 85 отсто од населението во Газа внатрешно раселено поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Огромна паника во Хрватска: За еден ден исчезнаа три деца

Следно

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја потресе турската област Малатја

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop