Катар: Преговорите за прекин на огнот во Газа сè уште се во тек

July 15, 2025
1 min read

ГАЗА/ИСТАНБУЛ (AA) – Катар денес потврди дека индиректните преговори меѓу Хамас и Израел за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа и договор за размена на затвореници сè уште се во тек, јавува Анадолу.

„Состаноците во Доха за Газа продолжуваат и нема застој“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција.

Тој додаде дека има интензивна секојдневна комуникација, било во Доха, САД или Египет, со цел да се засилат напорите за постигнување договор.

Ансари нагласи дека состаноците со Хамас и Израел се одржуваат одделно со секоја страна, во обид да се постигне рамковен договор.

Индиректните преговори започнаа на 6 јули во главниот град на Катар, со цел постигнување договор кој ќе вклучува прекин на огнот и размена на заробеници помеѓу Хамас и Израел.

Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела изрази оптимизам во врска со преговорите за прекин на огнот во Газа, велејќи дека страните се „поблиску отколку што сме биле подолго време“.

Ансари ја осуди „неодговорната израелска политика во регионот“ и истакна дека е неопходна меѓународна интервенција за запирање на „неодговорното израелско однесување што ја загрозува безбедноста на целиот регион“.

„Неприфатливо е да нема одговорност за израелските постапки – не само за масакрот во Газа и прекршувањата на Западниот Брег, туку и за израелското присуство во јужен Либан и нападите врз Либан и Сирија“, рече тој.

Тој нагласи дека опасноста од „неодговорната“ политика на Израел стигнала до регионот на Персискиот Залив и Катар, особено за време на неодамнешната ескалација меѓу Израел и Иран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Волуметриски модулирана АРК терапија (VMAT) – нов радиотерапевтски третман наскоро достапен во „Аџибадем Систина“

Следно

Турција: 39 сини знамиња се веат на плажите во Кушадаси и Дидим

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 25 Јануари 2026

ОВЕН Денеска повеќето од вас ќе ја претпочитаат удобноста на домот и сопственото друштво пред состаноците и активните активности надвор. Дозволете си да „одморите со бавно темпо“, на овој начин ќе се

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8

Минималната температура изутринава е измерена на Попова Шапка од минус еден степен, а максималната во Гевгелија осум степени. Како што соопшти изутринава Управата за хидрометеоролошки работи во Битола се измерени 0 степени,

Мањан во Милан до 2031

Реномираниот „Газета Дело Спорт“ објавува дека голманот на Милан Мајк Мањан ќе потпише нов перманентен договор со клубот, кој што ќе е важечки до 2031. Актуелниот е важечки до крајот на сезоната,

Кога Мбапе погодува, Реал победува

фото: Real Madrid CF (X) Во дербито од 21-то коло од Ла Лига, Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 како гостин. И вечерва како клуч за победата на Реал се покажа
Go toTop