Катар: Почетокот на „хуманитарната пауза“ во Газа ќе биде објавен во следните 24 часа

November 22, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Катар рано утрово соопшти дека почетокот на „хуманитарната пауза“ меѓу Израел и Хамас ќе биде објавен во рок од 24 часа, пренесува Анадолу.

„Државата Катар го објавува успехот на нејзините заеднички напори за посредување преземени со Арапската Република Египет и Соединетите Американски Држави меѓу Израел и Движењето на исламскиот отпор (Хамас), што резултираше со договор за хуманитарна пауза“, соопшти Министерството преку платформата Х.

„Почетното време на паузата ќе биде објавено во следните 24 часа и ќе трае четири дена, кои може да се продолжат“, се наведува во соопштението.

„Договорот вклучува ослободување на 50 цивили, жени и деца заложници што моментно се држат во Појасот Газа во замена за ослободување на одреден број палестински жени и деца што се приведени во израелските затвори, а бројот на ослободените ќе се зголеми во следните фази на спроведување на договорот“, се додава од Министерството.

Хуманитарната помош, во која ќе биде вклучено и гориво, ќе биде дозволена во Појасот Газа.

„Државата Катар ја потврдува својата посветеност на тековните дипломатски напори за деескалација на тензиите, запирање на крвопролевањето и за заштита на цивилите“, додава Министерството.

„Во оваа насока, државата Катар ги цени напорите на Арапската Република Египет и Соединетите Американски Држави за постигнување на овој договор“, се нагласува.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно со повремени врнежи од дожд

Следно

Договор е постигнат: Прво примирје меѓу Хамас и Израел, се чека на ослободување на заложниците

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop