Катар објави дека нападот на Иран врз американската база е спречен и нема жртви

June 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за одбрана на Катар објави дека ракетниот напад на Иран врз американската воздухопловна база Ал-Удејд е спречен и нема пријавени жртви, известува Анадолу.

Во писменото соопштение од Министерството за одбрана е наведено дека воздушниот простор и територијата на Катар се безбедни и дека катарската армија е подготвена да се справи со секоја закана.

„Катарската воздушна одбрана успешно го спречи ракетниот напад насочен кон воздухопловната база Ал-Удејд. Во инцидентот нема жртви или повредени“, се наведува во соопштението на катарското Министерството за одбрана.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџид ал-Ансари, на својот профил на социјалните мрежи објави дека Катар најостро го осудува нападот врз воздухопловната база Ал-Удејд извршен од страна на Иранската револуционерна гарда.

„Катар го смета овој напад за јасно кршење на суверенитетот, воздушниот простор, меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и потврдува дека го задржува правото директно да одговори во согласност со меѓународното право, пропорционално на формата и обемот на нападот“, наведе Ансари, апелирајќи да им се даде приоритет на дипломатските решенија.

Ансари, исто така, во објавата наведе дека со оглед на тензиите во регионот, базата била евакуирана претходно како дел од безбедносните мерки и дека се преземени сите мерки за да се осигура безбедноста на припадниците на катарската армија и силите пријателски настроени кон неговата земја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МНР со апел: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток во кои е влошена безбедносната состојба

Следно

Бах одликуван со златен Олимписки орден

Latest from Blog

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран

Реформи во јавната администрација

Непотизам, партиски или етнички клуч при вработувањето во јавната администрација ја прави неефикасна и неквалификувана да ги услужи граѓаните. Ова е стара болка на администрацијата која со долготраен процес почна да се

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти
Go toTop