Катар: Израелската операција во Рафа го одложи прекинот на огнот

May 14, 2024
1 min read

ДОХА (АА) – Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, денес изјави дека израелската воена операција во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, го одложила прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас, јавува Анадолу.

На Економскиот форум во Катар, шеикот Мохамед рече дека напорите за посредување продолжуваат и покрај тоа што се суспендирани.

Тој истакна дека во однос на прекинот на огнот постои фундаментална разлика меѓу двете страни, Израел и Хамас.

„Постои една страна (Хамас, заб. ав.) која сака да ја заврши војната и потоа да зборува за заложниците, а постои уште една страна (Израел, заб. ав.) која ги сака заложници и сака да ја продолжи војната“, рече катарскиот шеф на дипломатијата и додаде:

„Сè додека нема заедничко меѓу овие две нешта, нема да има резултати.“

Израелската Армија започна инвазија на Рафа минатата недела и ја окупираше палестинската страна на преминот Рафа со Египет, затворајќи ја единствената порта на Газа кон надворешниот свет.

Хамас минатата недела објави дека го прифатил египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот, но Израел рече дека договорот не ги исполнува неговите клучни барања.

Израел брутално го нападна Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади на Газа досега се убиени повеќе од 35.150 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 79.000 се повредени.

По повеќе од седум месеци по почетокот на нападот од израелската Армија, големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стано: Во Европа нема место за негирање на геноцидот во Сребреница

Следно

Турските сили приведоа 44 осомничени терористи на ДЕАШ

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop