Касетната лицемерност на нео-либералите

July 25, 2023
2 mins read

Одлуката на Бајден да ја снабдува Украина со касетна муниција е убедлива илустрација за лажноста на либерализмот како водич за надворешната политика. Неговата реторика ја возвишува супериорноста на демократиите над автократиите, ја истакнува  посветеноста на „поредок заснован на правила“ и се колне во неприкосновеноста на човековите права.

„Ако стварно беше така, немаше да се праќа оружје што е сериозен ризик за цивилите и чија употреба во Украина претходно остро се критикуваше“, забележува Стивен Волт во Форин полиси.

Но, исто е и со други актуелни прашања (односите со Саудиска Арабија, она што Израел им го прави на Палестинците…) – либералните убедувања се отфрлаат веднаш штом ќе станат незгодни.

Кога се вртат кон надворешната политика, либералите имаат тенденција да го поделат светот на добри држави (оние засновани на либерални принципи) и лоши држави (скоро сè друго) и ги адресираат повеќето, ако не и сите светски проблеми на вторите. Тие веруваат дека ако секоја земја е добро поставена либерална демократија, конфликтите ќе станат безначајни и ќе го снема злото на војната. Овој поглед на меѓународните работи е неспорно привлечен. Наместо односите меѓу државите да се гледаат како немилосрдна борба за моќ и подобри позиции, либерализмот нуди заводлива визија за прогрес, секаков напредок и морална јасност.

Тоа им овозможува на Американците (и нивните најблиски сојузници) да си кажат дека она што е добро за нив ќе биде добро и за сите други. Само продолжете да го ширите либералниот поредок и на крајот ќе се појави вечен мир во сè попросперитетен и праведен свет.

За жал, либералната перспектива страда од најмалку две сериозни недостатоци, забележува Волт.

Првиот се универзалистичките претензии на либерализмот. Либералните држави имаат тенденција да се гледаат како крстоносци во борбата помеѓу доброто и злото. Џорџ В. Буш го трубеше тоа кога најави дека крајната цел на американската надворешна политика е „да стави крај на тиранијата во нашиот свет“.

Меѓутоа, ако се спроведе во пракса, оваа политика гарантира бесконечни конфликти со земјите кои имаат различни традиции, вредности и политички системи. Овие убедувања можат да поттикнат и опасна прекумерна самодоверба: ако некој се бори на страната на ангелите и секогаш се наоѓа на „вистинската страна на историјата“, лесно е да се убеди дека победата е неизбежна.

Покрај тоа, ако светската политика е манихејски судир меѓу доброто и злото, тогаш нема лимити каде сè морате да се борите и нема причина да бидете воздржани.

Тоа го гледаме денес во прегреаната реторика на најгласните либерални и нео-кон бранители на Украина, кои инстантно го напаѓаат секој со различен поглед на конфликтот како Путинист.

Вториот проблем е кревкоста на овие либерални убедувања кога ќе стане жешко, како што покажува одлуката на Бајден да ѝ даде касетна муниција на Украина. Ако (злобниот) непријател се покаже поотпорен од очекуваното и победата не дојде брзо како што се очекувало, тогаш самопрогласените либерали почнуваат да прифаќаат политики или партнери од кои се гадат во подобри времиња.

Неодамна, на угледниот Универзитет Стенфорд беа угостени претставници од Азов, формација со дебело документирано нацистичко и расистичко минато. Тврдењата на Путин дека Украина треба да се денацифицира можеби се претерани, но подготвеноста на либерали како Френсис Фукујама да им посакаат добредојде на Азов на Стенфорд покажува зачудувачка „етичка флексибилност“.

Ваквите потези не помагаат да разбереме во што е разликата помеѓу „добрите“ либерални држави и „лошите“ автократии.

„Може убедливо да се документира дека добронамерните либерални крстоносци се одговорни за многу повеќе неволји од оние наводно ладни, аморални реалисти“, пишува Волт.

Како што тврди Мајкл Деш, реалистичен пристап кон светската политика би создал поздрав и помирен свет, токму затоа што ги отфрла универзалните крстоносни војни и признава дека другите општества имаат вредности што тие ќе сакаат да ги зачуваат онолку колку што ние би сакале да ги шириме нашите. Поради оваа причина, реализмот ја нагласува потребата да се земат предвид интересите на другите држави и да се направат внимателни дипломатски прилагодувања.

Овој пристап ќе им помогне на САД  да избегнат некои од контрапродуктивните ексцеси од униполарната ера, грешки кои предизвикаа значително страдање и го нарушија имиџот на Америка ширум планетата, порачува Волт.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“ НА СТОЛЕВСКИ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА ХОРИЗОНТИ ВО ВЕНЕЦИЈА

Следно

Ковачевски ги образложи уставните измени: Ако се гласа „против“, тоа е поради личен интерес, гласот „за“ е за ЕУ

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме
Go toTop