Каселакис со предлог-закон за истополови бракови во Грција: Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред

January 5, 2024
1 min read

Каселакис најави доставување на нивниот предлог-закон за истополови бракови и паралелно побара од Мицотакис да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост

Лидерот на Сириза Стефанос Каселакис, побарал од претседателот на пратеничката група Сократис Фамелос, штом се отвори парламентот, одново да биде доставен нивниот предлог-закон за истополовите бракови.

Стефанос Каселакис, 35-годишен американски државјанин, претходно непознат во Грција, во септември 2023 година успеа да стане нов лидер на најголемата грчка опозициска партија Сириза, Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Каселакис на социјалните мрежи утрово објави дека од Фамелос побарал доставување на законот, бидејќи како што напиша, „по вчерашната одлука на премиерот да го одложи неговиот предлог-закон“, ова е неговата единствена опција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, синоќа, по заклетвата на новите министри, во разговор со новинарите за тоа кога ќе биде доставен законот за истополовите бракови, рекол дека прво треба да објаснат што планираат, а потоа ќе говорат за временски рок.

По ова, Каселакис најави доставување на нивниот предлог-закон и паралелно побара од Мицотакис да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.

„Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш ‘чекај да објаснам’, како што изјавивте вчера. Нема што да му се објасни на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општествата лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не“,

напиша на социјалните мрежи лидерот на Сириза.

Стефанос Каселакис, 35-годишен американски државјанин, претходно непознат во Грција, во септември 2023 година успеа да стане нов лидер на најголемата грчка опозициска партија Сириза. Тој е првиот лидер на политичка партија во Грција кој е геј и кој отворено го кажа тоа. Каселакис живее во граѓанско партнерство во САД со својот партнер Тајлер МекБет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јавниот превоз ќе се сообраќа по неделен возен ред на 6,7 и 8 јануари

Следно

Во синоќешните израелски напади на Појасот Газа загинаа 32 Палестинци

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се
Go toTop