Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди, во моментов нема разговори за размена на ресори

May 14, 2025
1 min read

И по излегувањето на Арбен Таравари од Владата, кој го имаше и министерското место за здравство, Биљал Касами изјави дека овој ресор останува кај ВЛЕН, јавува репортерот на ТВ21.

Како што рече Касами, досега не се разговарало за размена на ресори, но по заминувањето на Таравари, тие се подготвени да разговараат во тој правец.

„Нема разговори за размена на министерства. Јас дадов изјава дека една од причините зошто го презедовме Министерството за здравство беше затоа што директно Арбен Таравари побара да биде министер за здравство. Секако, кога се прават договори за позиции и одговорности, тие се распределуваат и според капацитетите што ги имаме. Јас кажав дека постои можност, доколку Вреди има некоја нова распределба за друг кадар кој би бил поважен, тогаш тоа би требало да се разговара со Владата. Во моментов не е разговарано, Министерството за здравство останува кај Вреди“, изјави Касами.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток во Абу Даби

Следно

Трамп: По разговорите со турскиот претседател и саудискиот престолонаследник, САД ќе ги укинат санкциите врз Сирија

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop