Коалицијата „Вреди“ на денешната лидерска средба излезе со став за итно укинување на техничката (Пржинска) влада. Доколку не се постигне консензус меѓу сите партии, тие предлагаат овој модел да се примени за претстојните редовни избори, а потоа дефинитивно да се избрише од законот.
Претставникот на коалицијата, Биљал Касами, по средбата информираше дека меѓу нивните клучни барања се и:
Гласање на дијаспората: Изнаоѓање законски механизми за поголемо учество на иселениците во изборниот процес.
Отворени листи: Без оглед на моделот на изборни единици, за „Вреди“ приоритет се отворените листи за поголема демократизација.
„Ја поздравуваме иницијативата за оваа средба бидејќи се отворија важни политички и економски теми во конструктивна атмосфера“, изјави Касами.


