Каранфилова-Пановска: Основани се сомнежите дека бегството на Груби е договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

December 19, 2024
1 min read

Министерот Тошковски и Министерството за внатрешни работи треба да излезат со сите детали за тоа како се дозволи Артан Груби да избега од државата, во спротивно се дава основа на тврдењата дека бегството на Артан Груби е директен политички договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, рече заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Такви индиции за нивна политичка соработка веќе подолго време се очигледни и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава држава со сите меѓуетнички тензии, коишто беа предизвикани“, истакна Каранфилова Пановска.

Таа истакна дека Груби ја поминал северната граница со Косово, покажувајќи ги своите патни исправи, а при тоа службеникот којшто е на смена, не го проверил, иако има веќе забрана за премин на границата, а другите службениците, на граничниот премин имаат на себе камери кои во тој момент немаат батерии, односно камерите не работат.

„Факт денеска е дека Артан Груби не е во државата, факт е дека Артан Груби два дена откако е поднесена кривичната пријава исчезнува, дека слободно ја поминува границата и премногу сомнежи дека тоа не е случајно“ рече Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека раководител на контролата на границата во тој момент бил човек, којшто е од доверба на министерот Тошковски, именуван на таа функција минатиот месец, со решение и дека од следниот ден по заминувањето на Груби, тој е на боледување.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Лотарија била перална за пари, дувло на криминал – Артан Груби нема каде да се крие

Следно

Николоски: Очекувам за РЕК Битола да се отворат и други криминални случаи

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop