Каранфилова Пановска: ДМПНЕ прави сериозен упад во судството, спроведуваат реформи за партиски послушници

February 25, 2025
1 min read

„ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен упад во независната судска власт иако сакаат тоа да го подведат под превезот дека се прават реформи“, посочи заменичката претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова Пановска, во вечершното интервју во емисијата „360 степени“.

Каранфилова Пановска потенцираше дека граѓаните имаат недоверба во целиот правосуден систем, а Владата е таа којашто треба да спроведе вистински реформи.

„Тоа што ВМРО ДПМНЕ го прави е упад, а не е реформа. Граѓаните имаат недоверба кон целиот правосуден систем. ВМРО ДПМНЕ со огромно мнозинство во Собранието има токму таква можност, да ги спроведе неопходните реформи во правосудниот систем коишто ќе ја вратат довербата меѓу граѓаните, а не да прави вакви половични решенија кои не покажуваат ништо друго освен тоа дека на нивно место треба да дојдат други кадровски решенија коишто се партиски послушници“, рече Каранфилова Пановска.

При тоа, Каранфилова Пановска посочи дека и во однос на Судскиот совет чекорите на премиерот Мицкоски за интерпелација на Судскиот совет се спротивни на реформската агенда од Планот за раст што го потпиша Мицкоски, според кои реформи треба да се изготви нов Закон за Судски совет за да се реформира начинот на којшто се избираат членовите.

„Ако ние треба да го смениме законот во делот на тоа како се именуваат членовите на Судскиот совет и ако тоа се одредниците од ЕУ, зошто ние сега ќе ги менуваме овие членови пред да направиме измени на законот. Ајде да го промениме законот за Судскиот совет, согласно сите овие препораки, па потоа да влеземе во постапка на промена. Само ако се работи конзистентно може да постигнеме вистински резултати. Ако сте се нафатиле да правите реформи во правосудниот систем во конкретниот случај тоа е нешто што има утврдени веќе чекори план и стратегија согласно коишто треба да постапувате“, рече заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека е недозволиво да се прават ад хок упади со измени, кои единствено може да се протолкуваат како упад во независноста на судството и замена на сегашните членови таму со некои коишто ќе бидат партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лекарската комора ќе додели лиценци за работа на доктори

Следно

Променливо облачно, на планините слаб снег

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop