Капитални проекти, за 2 месеци само 6% – потрошени само 47 од планираните 766 милиони евра

April 2, 2025
1 min read

Најавите на Владата за градежен бум за годинава- за сега стојат во место. За два месеци институциите реализирале само 6 проценти од капиталните проекти. Или во пари – од планирани над 766 милиони евра за изградба на патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравство до крај на февруари потрошени се само околу 47 милиони евра. Најнов податок на финансии по денови е до 1 април, до кога реализацијата е 69 милиони евра или 9 проценти. Или во просек  месечно  се „гради“ по 3 проценти од планираното.

И покрај слабата реализација, премиерот најавува нов кредит строго наменски само за изградба на патишта. Покрај милијардата од Унгарија ќе се задолжиме со нови 500 милиони евра од европска земја.

„Зборуваме за половина милијарда евра кои ќе бидат потрошени исклучиво за реконструкција но и изградба на локални и регионални патишта. Проценивме со Јавното претпријатие за државни патишта дека отприлика половина милијарда евра би била таа инвестиција. Цела држава на цела територија да бидат или реконструирани или изградени нови локални и регионални патни правци“, вели Христијан Мицкоски.

Бизнисот пак апелира Владата да опстои на ветувањата.Надеж гледаат во изборите.

„Очекуваме сериозна и интензивна реализација на капиталните инвестиции. Знаеме дека секој пат во предизборието Владата, меѓутоа и локалната самоуправа прави напори да реализира што поголем број на проекти. Меѓутоа важно е дека овие проекти можат навистина да придонесат за сериозен економски раст“, вели Миле Бошков.

Инаку податоците  на финансии до крај на февруари по институции, покажуваат дека речиси сите потфрлиле со реализацијата на планираните проекти за годинава. Па така кај најголем дел од министерствата реализацијата е околу нула. Од оние кои имаат најмногу проекти, министерството за транспорт реализирало само 1,64% или од 270 милиони евра планирани за градба за годинава реализирани се само  4,4милиони евра. Кај министерството за внатрешни работи реализацијата е 1,96% или потрошило 760.000 евра од планираните над 37,4 милиони евра.

Од друга страна пак, подобра реализација има кај Министерството за одбрана со речиси 20 проценти или од околу 140 милиони реализирало речиси 28 милиони евра. Министерството за образование  со 9,47 или реализирало 3,5 од планираните 35,6 милиони евра.

Капиталните инвестиции се главен адут на Владата за придвижување на економијата, и остварување на  раст на БДП за годинава од 3,7%.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Потребен е суштински политички дијалог, но во пристоен политички формат

Следно

ОН: „Војната на Израел против Газа им пркоси на пристојноста, човечноста и законот“

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop