Канцеларијата за човекови права на ОН: Речиси 70 отсто од убиените во Газа се жени и деца

November 8, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН) денес соопшти дека речиси 70 отсто од убиените во тековните напади во Газа се жени и деца, нарекувајќи ги нападите „систематско кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, јавува Анадолу.

Канцеларијата ги објави бројките во извештај од 32 страници, што го опфаќа периодот од шест месеци од ноември 2023 година до април 2024 година.

Во соопштението за печатот придружено со извештајот, се вели дека Канцеларијата ги проверува личните податоци на убиените во Газа во напади, гранатирање и други воени дејствија, а за тие жртви досега е откриено дека 70 отсто од нив се деца и жени, што укажува на систематско кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ја разликата и пропорционалноста“.

Продолжувањето на овие напади, со подеднакво убивање на популацијата низ целата територија, „покажува очигледна рамнодушност кон смртта на цивилите и влијанието на избраните средства и методи за војување“, се вели во соопштението.

„Од суштинско значење е да се води соодветна сметка во однос на наводите за сериозно кршење на меѓународното право преку веродостојни и непристрасни судски тела и во меѓувреме, сите релевантни информации и докази да бидат собрани и зачувани“, рече Волкер Турк, шефот за човекови права на Обединетите нации.

Според деталната анализа, околу 80 отсто од жртвите биле убиени во станбени згради или слични станови, од кои 44 отсто биле деца, а 26 отсто жени.

Најзастапени од проверените смртни случаи биле деца на возраст од 5 до 9 години, на возраст од 10 до 14 години и бебиња и деца од 0 до 4 години. Најмладата жртва чија смрт е потврдена е момче старо еден ден, а најстарата жена е на 97-годишна возраст.

Израел има убиено повеќе од 43.000 луѓе во Газа во нападите на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Сите напори за траен прекин на огнот досега не успеаја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: За ДУИ нема дно кое може да го пробие!

Следно

Златен медал за Бобан Илиоски на Европското кикбокс првенство во Грција

Latest from Blog

Општина Битола: Продолжува креирањето на буџетот за 2027 година заедно со граѓаните

Општина Битола го најави одржувањето на третиот буџетски форум, на кој граѓаните ќе имаат можност да учествуваат со свои идеи, предлози и иницијативи во процесот на креирање на општинскиот буџет за 2027

Божиновска: На 25 ноември во Скопје го отвораме Првиот форум за енергетска дипломатија

На 25 ноември, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, најави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања

Николоски од Виена: Македонија ќе стане клучна транспортна крстосница во Југоисточна Европа

Предизвикот за земјите од регионот е како заеднички да настапуваат на европскиот пазар, како да се натпреваруваат со конкуренцијата и како да се постигне повисоко ниво на развој. За овие прашања,  за

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и
Go toTop