Канаваро официјално нов тренер на Удинезе

April 22, 2024
1 min read

Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе објави попладнево дека Фабио Канаваро е нов тренер на клубот од Удине.

Удинезе претходно денеска објави дека се разделил со поранешниот тренер Габриеле Чофи, а неколку часови подоцна го потврди пишувањето на италијанскиот печат и назначувањето на Канаваро.

Клубот соопшти дека 50-годишниот Канаваро потпишал договор до крајот на сезоната.

Канаваро доаѓа на местото на Габриеле Чофи, кој беше отпуштен од должноста по петочниот пораз од директниот конкурент во борбата за опстанок, Верона.

Удинезе е 17. на табелата во Серија А со 28 бодови, колку што има и Фросиноне, кој е место подолу и во зоната на испаѓање.

Канаваро, кој во својата фудбалска кариера ги носеше дресовите на Јувентус и Реал Мадрид, беше без тренерски ангажман од заминувањето од Беневенто во 2023 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мартин и Дарко шампиони по добивки на 2win.мк за изминатата недела

Следно

ТОН ЕМОЦИИ: Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката (ВИДЕО)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop