Канада ќе ја продолжи својата мисија за обука на украински инженери

March 8, 2023
1 min read

Канада до октомври ќе ја продолжи својата мисија за обука на украински инженери и обука за воена медицина, соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо.

– Ќе ја продолжиме инженерската обука барем до есен и ќе распоредиме медицински тренери да им помагаат на украинските сили во воената медицина, рече Трудо на прес-конференција.

Тој говореше заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во воената база Кингстон во близина на Отава. Канадскиот премиер рече дека неговата земја се обврзала да обезбеди три милиони долари за помош во отстранувањето на мините во Украина, како и генератори, сето тоа во соработка со Европската унија.

– Канада ќе биде со народот на Украина сè додека е потребно, додаде Трудо.

Отава, исто така, ќе испорача тенкови Леопард 2 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија.

Претседателката на Европската комисија ја поздрави посветеноста на Отава и потсети дека Европската унија потрошила повеќе од 12 милијарди евра за воена опрема за Украина и оти планира до крајот на годината да ја заврши обуката на 30.000 украински војници. По посетата на Канада, Урсула фон дер Лајен ќе престојува во посета на САД, каде в петок ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска е Меѓународен ден на жената: Масовни протести се одржуваат низ светот

Следно

АПИС бара да се обрати пред пратениците за штетите кои следат доколку се изгласаат законските измени за игрите на среќа

Latest from Blog

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи

НБРМ: Во главната филијала на Алта банка во Битола ќе се исплаќа готовина за граѓаните без картички

Граѓаните што имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина во главната филијала во Битола, соопшти Народната банка. Исплатата

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.
Go toTop