Калиопи летала над подот на концертот во Крива Паланка

August 25, 2024
1 min read

Навистина не очекував ваква убавина , во оваа мера, затоа што беше нешто посебно. Пречекот беше толку топол и срдечен, исполнет со   почит, што ми беше прв знак дека ме чека нешто многу големо и многу убаво, што вечерва  и  се потврди. Публиката беше фантастична и во моментот не можам да чувствувам ништо друго  освен благодарност, изјави Калиопи по настапот на 11-то издание на музичкиот фестивал „Џој  фест“  во Крива Паланка.

Музичката поп икона Калиопи ,со својот настап на Градскиот плоштад во Крива Паланка , енергијата и неверојатна поврзаност со публиката направи неверојатен музички спектакл , преполн со топлина и искрени емоции, што остави силен  впечаток кај  сите нејзини фанови. И после 40 години музичка кариера, оваа музичка дива неприкосновено владее со сцената, а страста, динамичниот и жив настап , како што вели самата, доаѓа од љубовта , од публиката.  

Признава дека навистина е потребна енергија да се издржат два часа со тоа темпо и интензитет на репертоар, зашто  самиот концепт на отворено  е динамичен и преовладува со огромна количина на емоции , ритам, песни кои се содржајни , но некои од нив многу тешки за пеење. Но публиката,  како што вели, секогаш одново ја  потсетува дека нема ништо тешко тука, туку  само убавина .

„И во тој момент чувствувам како да сум неколку метри над подот, затоа што музиката и публиката ми го даваат тоа чувство, да бидам она што сум. Секогаш имам чувство дека без оглед на годините и на патот што сум го поминала, нешто ново ме чека на овој пат,“ вели Калиопи.

Иако се уште на почетокот на промоцијата, публиката во Крива Паланка веќе ги пееше и  новите песни од последниот албум на Калиопи, насловен „Албум“.

„Кога ги свириме новите песни во живо, го чувствувам вниманието на публиката и тоа  е неверојатно. Ова е трет концерт во Македонија каде што ги претставуваме песните од новиот албум и чувствувам дека со  Ромео сме направиле повторно нешто многу убаво и сега ги жнееме успесите од тоа“, истакна Калиопи.

Настапот на музчката дива на Џојфест во Крива Паланка беше многу  повеќе од добар концерт. Тоа  беше празник на љубовта и емоциите што Калиопи и нејзината публика ги делат. Со енергијата и страста што ја внесува во секој настап, Калиопи продолжува да го освојува срцето на својата публика и да создава незаборавни моменти.

На втората вечер на Џој фест настапија и музичките групи Кисити, Парампашчад  и Бубњиви и Пси од Црна Гора, а најновото 11 издание на овој музички фестивал го потврди неговиот издржан концепт на промоција на добра музика и забава.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: До сега одговараа врховен судија и член на совет на јавни обвинители, се водат истраги, очекувам повеќе признанија за повеќе кривични дела

Следно

Лефков: Прв ден скандал “Бисера Антоанета” – За 4 дена во Лондон, со народни пари министерката за култура купувала чорапи и хулахопки, плишана мечиња, фудбалски топки, куфери за патување за 714 фунти

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop