Календар на МПЦ: Утре се слават овие светители

October 13, 2023
2 mins read

Покровот на Пресвета Богородица

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше Св. Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение Св. Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се ужаснувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да н ? потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

Тропар
Денес, Богомајко, ние верните луѓе светло празнуваме, штитени од Твоето доаѓање и, гледајќи кон Твојот пречист лик, умилно говориме: Со Твојот чесен омофор покриј н?, и од секакво зло избави н?, молејќи Го Твојот Син, Христа нашиот Бог, да ги спаси душите наши.

Кондак
Дева денес стои во Црквата, и со светите невидливо за нас на Бога Му се моли: ангелите се поклонуваат со архиереите, а апостолите ликуваат со пророците, зашто Богородица, за нас, Бога предвечниот Го моли.

Св. апостол Ананија

Еден од Седумдесеттемина. Беше епископ во Дамаск. Според едно Божјо јавување (Дела 9), тој го крсти новодојдениот Савле, којшто го доби името Павле. Наспроти сите гонења храбро го проповедаше Евангелието, заради што го каменуваа во градот Елефтеропол. Неговите свети мошти ги пренесоа во Дамаск, а подоцна во Цариград.

Тропар
Брозопослушниче Господов, Ананио свети апостоле, ти кој преисполнет со Христовата благодат го послуша гласот кој е над водите, Савла го приведе во познание на Светлината и до крај остана верен на вистината. Моли се за нас, свети, кој во мачеништво втор Стефан постана, и со венец на Небесата пред Бога пристигна.

Преподобен Роман Слаткопоец

Родум од сирискиот град Емес. Служеше како еклисијарх најпрво во Бејрут, а потоа во соборната црква во Цариград, во времето на патријархот Ефтимиј (490 г. – 504 г.). Беше неписмен и невешт во пеењето, заради што некои клирици му се потсмеваа. Свети Роман плачејќи ? се молеше на Пресвета Богородица и Таа му се јави во сон, му пружи некој голем свиок хартија и му рече да го проголта. Утредента осамна Божик и Роман излезе на амвонот и со ангелски глас испеа „Дјева днес…“ Сите беа восхитени од содржината на песната и од гласот на певецот. Откако го прими од Пресвета Богородица поетскиот дар, Роман испеа над илјада кондаци. Како ѓакон на големата црква се упокои во 510 година во Цариград и се пресели меѓу ангелските хорови.

Тропар
Блажен си ти, Романе Божји угодниче, бидејќи Онаа Која Предвечниот Го роди, утробата твоја ја направи дом на Духот Свети, земјата денес чест ти воздава, а ангелите небесни славословат за службата твоја кон Господа. Радувај се ти од кого Духот многу пофалби изнедри, радувај се и за нас моли се ти кој величанија кон Небесата воскликна.

Преподобен Јован Кукузел

Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.

Тропар
О Јоване, Божји угодниче, слово на струни разгласено потече од срце твое за Господа припремено, ангели милозвучност прифатија, Богомајка со милост душа твоја прегрна, а Вечнопостоечкиот по твоите молитви ги милува оние, кои чест подаваат на ликот твој свет, и струната на твоето слатко пеење при Пресветото Тројство ја принесуваат.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ако пулсот ви е слаб, пробајте паралелно паркирање

Следно

Сончево и топло со мала локална облачност – температурите до 29 степени

Latest from Blog

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на

Над 20 000 ученици дел од „Генералка викенд“

Над 20.000 ученици и повеќе од 1.000 наставници од основните и средните училишта се приклучија на националната еко-акција „Генералка викенд“, низ практични експерименти, часови и работилници посветени на заштита на животната средина

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во
Go toTop