Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски, едноставно затоа што испорача слаби резултати и не ја унапреди работата на обвинителството

February 22, 2025
1 min read

Се погласни се критиките и оправдувањата за смена на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, иницијатива која што владата веќе ја започна.

За ова иницијатива за разрешување на обвинителот Љупчо Коцевски, во вчерашното гостување на телевизија Алсат свој став даде и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Запрашав дали се доволни причините со кои се предлага разрешувањето на јавниот обвинител, Калајџиев истакна дека никој во државата веќе не го брани Коцевски, пред се затоа што испорача слаби резултати во неговото работење и воопшто не ја подобри работата на обвинителството иако со законот за кривична постапка од пред десет години ги имало сите предуслови за поефикасна работа.

-Искрено да ви кажам, никој во државата веќе не го брани овој обвинител, исто како што никој не го бранеше ни Љупчо Јолевски. Едноставно заради тоа што они навистина испорачаа слаби резултати и не ја унапредија работата на обвинителството. Законот за кривична постапка донесен уште пред повеќе од десет години, отвори сосема еден нов концепт, еден простор за проактивно обвинителство, кој што беше замислен со свои истражувачки центри и да има поголема контрола врз полицијата. Односно, да не биде оставен да зависи од министерството за внатрешни работи, како што порано беше вообичаено и во суштина, вистинските одлуки за тоа кој ќе се процесуира беа порано донесувани, практично во полицијата, рече Калајџиев.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: После осум години, линеарниот акцелератор конечно ставен во функција

Следно

Млада Палестинка изработува рамазански фенери во Газа од кутиите од хуманитарна помош

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop