Каква корист ќе има Иран од извозот на балистички ракети во Русија?

August 16, 2024
3 mins read

Најновиот медиумски извештај вели дека Иран се подготвува да извезе балистички ракети од близок дострел Фат-360 и Абабил (ЦРБМ) во Русија и дека веќе почнал да го обучува рускиот персонал за користење на првите.

Откако Русија ја започна целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, имаше неколку извештаи во кои се тврди дека Иран се подготвува да продаде или дека веќе и доставил на Русија балистички ракети.

Ниту еден од медиумските извештаи не беше потврден од американски или украински официјални лица, а Иран продолжува да негира дека ја вооружил или планира да ја вооружи Русија.

Аналитичарите кои зборуваа за Радио Слободна Европа не беа сигурни за најновиот извештај, но додадоа дека доколку се потврди, тој ќе обезбеди корист за воените напори на Русија и ќе има и придобивки, но и „стапици“ за Иран.

Руската употреба на севернокорејски балистички ракети накратко ја намали загриженоста дека Москва ќе се сврти кон Иран за да го обнови својот инвентар.

„Меѓутоа, обемните барања на бојното поле може да ги „напрегнат“ можностите за снабдување на Северна Кореја“, изјави за РСЕ Никол Грајевски, соработничка во фондацијата Карнеги за меѓународен мир.

Таа рече дека Москва можеби бара ирански балистички ракети како стратегија за „намалување на нејзината зависност од Северна Кореја“, што ќе и овозможи на Русија да ги натера Пјонгјанг и Техеран да играат еден против друг, „потенцијално максимизирајќи ги своите стратешки придобивки“.

Посетата на Техеран на 6 август на секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу, кој претходно беше министер за одбрана на земјата, ги подгреа сомнежите дека Москва се обидува да набави ирански ракети.

Од дронови до проектили

Од првите месеци на војната во Украина, Русија беше осомничена дека користела беспилотни летала Шахед и Мохаџер-6 од иранско производство, од кои многу се пронајдени откако биле соборени во украинските градови и боишта.

Иран првично негираше дека ја вооружува Русија пред да попушти и да признае дека и доставил „ограничен број беспилотни летала“ на Москва пред војната. И покрај огромните докази за спротивното, Техеран продолжува да негира дека неговите беспилотни летала се користат од Русија против Украина. Тоа не ги спречи САД и ЕУ да воведат санкции кон Иран поради помошта на Москва.

Грајевски вели дека иранските беспилотни летала „имаа компаративна предност во однос на руските во однос на технологијата, производството и оперативната употреба“.

Но, со балистичките ракети „се работи за квантитет, а не за квалитет“, додава таа.

Настрана од зголемувањето на репутацијата која следувала по снабдувањето со балистички ракети на Русија, Иран, исто така, би добил големо знаење за тоа како Фат-360 и Абабил се однесуваат во битка.

Дополнително, вели Грајевски, „оперативната употреба и сите руски модификации потенцијално би му помогнале на Иран во некои области каде што неговите ракети имаат тенденција да недостасуваат“.

Претходните извештаи сугерираа дека Русија е заинтересирана за иранските балистички ракети со краток дострел Фатех-110 и Золфакар.

„Но, извозот на тие во Русија ќе го стави Иран во позиција да ги наруши дострелот и прагот на носивост според Режимот за контрола на ракетната технологија (MTCR), рече Бехнам Бен Талеблу, висок соработник во тинк-тенк Фондацијата за одбрана на демократии со седиште во Вашингтон.

Фатх-360 и Абабил се под прагот од 300 км и 500 кг утврдени од Режимот на контрола на ракетната технологија.

„Сепак, тоа не значи дека овие ракети треба да се игнорираат, бидејќи тие и помагаат на Русија да ги зачува сопствените домашно произведени ударни средства со долг дострел и се дополнителни знаци за продлабочување на руско-иранските односи“, тврди Талеблу.

Преземање ризици за развој на партнерство

И ако не се спротивстави на Режимот на контрола на ракетната технологија, Иран пак ќе го навлече гневот на западните земји доколку на крајот сепак и испорача на Русија балистички ракети.

Ограничувањата на ОН за увозот и извозот на ракети од Иран истекоа во октомври 2023 година, но САД и Е3 (Британија, Франција и Германија), како и повеќето земји на ЕУ ги продолжија санкциите за балистички ракети против Иран.

„Е3 (Европската тројка) беше решителна во предупредувањата до Иран. Испораката на ирански балистички ракети за Русија ќе го искомплицира секое решение со иранската нуклеарна програма“, рече Грајевски.

Разговорите за обновување на нуклеарниот договор се заглавени, а договорот треба да истече во октомври 2025 година, така што Иран може да бара да ги зајакне своите односи со Русија во случај да исчезнат изгледите за заживување на договорот.

Иран учествуваше на годишната изложба на руската армија, која се одржа во Москва на 12-14 август и прикажа дел од својата најнова воена технологија, вклучувајќи го и дронот Мохаџер-10, ажурираната верзија на Мохаџер-6 што Русија ја користеше во Украина.

Но, Грајевски тврди дека позабележително е присуството во Москва на бригадниот генерал Али Шадмани, заменик-командант на централниот штаб Катам ал-Анбија, кој е одговорен за оперативната команда и контрола на вооружените сили на Иран.

Талеблу вели дека Иран добил комбинација од работи за вооружувањето на Русија со беспилотни летала, вклучително и готовина и злато, па токму поради тоа смета дека „овие вектори на соработка веројатно ќе се продлабочат“.

„Иран има намера да го премине статусот на помлад партнер во Русија, што е една од причините зошто соработката за оружјето меѓу двете земји за војната во Украина, веројатно нема да биде доведена под прашање“, заклучува Талеблу.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дизни се дно

Следно

Во Нигерија откриени 39 случаи на вирусот мајмунски сипаници

Latest from Blog

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните

61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

На Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана на 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе својот син, Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека

Ристовски – Рокас: ЕУ е докажан партнер во развојот на македонскиот спорт

Македонското Министерство за спорт и Канцеларијата на Европската унија во Скопје договорија блиска соработка и промовирање на вистински вредности кои ќе значат здрава младина за европска иднина на Македонија. Ова денеска на

ЕУ донира шест еко-автобуси за скопјани, Арсовска вели владината најава за нови автобуси е задоцнета

Градоначалничката Данела Арсовска ја поздрави владината најава за набавка на стотина електрични автобуси. Сепак, таа оцени дека ваквата реакција е задоцнета. Арсовска повтори дека пред Советот на Градот постојано како точка на
Go toTop