Како се произведуваше паниката од руските ботови

November 7, 2023
1 min read

Нашите гранташи и чувари на исправниот наратив доцнеа и фатија приклучок дури откако приказната веќе беше сериозно девалвирана, но во САД, уште некаде пред Божиќ 2018 година, медиумите беа преплавени со страшни приказни за руските ботови.

Стории за тоа како Кремљ се уфрлил во американската политика, како манипулирал со сите големи социјални платформи и влијаел на изборите беа пик на манијата „Русијагејт“ во која учествуваа и комичари како Колбер и други.

Твитер фајловите откриваат дека во таа компанија, директорите биле скептични околу нивото на руската активност во нивниот социјален медиум. Добар дел од нив знаеле дека фалц метод на пребарување, креиран од надворешни аналитичари ангажирани од Сенатот, генерира стотици лажни вести.

Години после тоа, денес се знае дека трите нозе на кои почиваше „Русијагејтот“ (билдање поддршка за Трамп, директна соработка Трамп-Кремљ и хакнување на меил серверот на Демократите)  се во различна фаза на колапс. Денес поинтересна за анализа од Русите се оперативците од кампањата на Хилари Клинтон.

Сенатот тогаш ангажираше надворешна фирма за интернет аналитика (New Knowledgе) за да го испита дометот на руската вмешаност, особено активноста на озлогласената руска трол фарма ИРА. Аналитичарите излегоа со бројки кои наголемо се цитираа по медиумите:

Афектирани се 126 милиони луѓе на Фејсбук, постирани преку 10,4 милиони твитови на Твитер, аплодирани преку 1.000 видеа на Јутјуб и допрено до преку 20 милиони Инстаграм корисници.

Во Твитер знаеле дека оваа содржина не е поврзана со руските негативци од ИРА.

Се викаше дека за менување на американското изборно расположение, руската ИРА потрошила 25 милиони долари. Подоцнежната истрага за Русијагејтот на специјалниот советник Роберт Мулер покажа дека се работи за трошок од 2.930 долари (десет помалку од што Ковачевски троши на Фејсбук). Таа истрага не најде докази ни за шурување на Трамп со Русија.  Се тврдеше дека Фејсбук е преплавен со руски содржини. Се покажа дека руска содржина има една во 23.000 други содржини.

Запаливиот извештај на Њу нолиџ доведе до хистеричен страв од риските ботови. Од фирмата дури и ги обвинија социјалните медиуми дека „ги кријат“ Русите. Спротивните докази беа минимизирани. Другите аспекти околу улогата на Њу нолиџ во обликување на стравот од руските ботови ги детализира Мат Таиби

Претходно се обелодени фијаското наречено „Хамилтон 68“, во кое тинк-тенк наречен „Алијанса за обезбедување демократија“, следел 600 Твитер сметки, наводно поврзани со „активности на руското влијание“. Се покажа дека главно следеле обични Американци, Канаѓани и Британци.

На Таиби и соработниците им текнало во посебно видео да ги издвојат само спомнувањата на MSNBC на дезинформациите поврзани со Хамилтон.

Видеото трае преку 11 минути. Лагите се спомнати 279 пати. Само од еден медиум!

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриевски: Молкот од надлежните институции е срам, додека поединци градат дивоградби споменици на државно земјиште 

Следно

Мицкоски го впери прстот во власта, а Ковачевски кон изведувачот и проектантите за доцнењето на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Latest from Blog

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и

М-НАВ: Завршени сите активности за отстранување на стариот радарски систем

Соопштение за јавност М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите беа реализирани во период со магла

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен
Go toTop