„Како некогаш нацистите, подготвија демонстративна егзекуција и крвав чин на заплашување“

March 23, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека синоќешниот вооружениот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва е „намерен масакр“ со цел да се сее раздор во општеството, известува Анадолу.

„Криминалците, намерно и ладнокрвно од непосредна близина убиваа, пукајќи во нашите граѓани и во нашите деца“, рече Путин во неговото телевизиското обраќање до нацијата денес.

За организаторите на терористичкиот напад во Москва Путин рече: „Како нацистите, кои некогаш вршеа масакри на окупираните територии, подготвија демонстративна егзекуција и крвав чин на заплашување“.

По терористичкиот напад во кој загинаа најмалку 115 лица, претседателот на Русија го прогласи 24 март за ден на национална жалост.

„Изразувам длабоко, искрено сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски. Целата земја и целиот наш народ тагуваат со вас“, рече Путин.

Путин додаде дека сите четири лица кои директно учествувале во нападот се уапсени на пат кон Украина, каде што им бил подготвен „прозорец“ за бегство.

„Пронајдени и приведени се сите четворица непосредни извршители на терористичкиот напад, сите кои пукаа и убиваа луѓе. Тие се обиделе да се скријат и се упатиле кон Украина, каде според првичните информации им бил подготвен прозорец за преминување на државната граница од Украинската страна. Приведени се вкупно 11 лица“, информираше Путин.

„Руските специјални служби работат на откривање на соучесниците на напаѓачите на концертната сала ‘Крокус Сити Хол’ во московскиот регион“, додаде претседателот на Русија.

Вооружените напаѓачи отворија оган во концертната сала, западно од Москва, каде рок групата Пикник требаше да настапи. Терористите употребија и запалива течност за да ја запалат салата, а огнот брзо се прошири на огромна површина од речиси 13.000 квадратни метри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дачиќ: Безбедоносната ситуација во Србија е стабилна, некои јавни собири ќе бидат забранети

Следно

УПАТИЈА САМО ЕДНА ЕДИНСТВЕНА РЕЧЕНИЦА: Се огласија Меган и Хари по веста дека принцезата Кејт има рак!

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop