Како еден наш омилен медиум ни стана бљак

April 19, 2024
2 mins read

„За време на поголемиот дел од моето време во НПР, преовладуваше слободоумна, љубопитна култура. Бевме нердови, но не бевме патетични, не бевме активисти или кавгаџии.

Последниве години тоа се промени. Денес, оние што го слушаат NPR или го читаат на интернет, наоѓаат нешто друго: дестилиран светоглед на многу мал дел од населението на САД…

Како и многу други несреќни работи, подемот на „новинарската адвокатура“ почна со Доналд Трамп. Како и во други редакции, неговиот избор во 2016 година, во НПР беше дочекан со мешавина од неверување, гнев и очај… Но, она што започна како жестоко следење на претседателот кој е скаран со вистината, се претвори во напори да се собори Трамп или барем да му се наштети.

Упорното повторување на гласините за неговите руски врски станаа дрога за нашето новинарство во НПР. Но, кога извештајот на Милер не најде веродостојни докази за тоа, покривањето на НПР одеднаш се стиша а Русијагејт тивко ја снема од нашата програма. 

Едно е да утнеш голема приказна, но, за жал, тоа се случува. Следите погрешни насоки, ве заведуваат извори на кои им верувате, емоционално сте вложени во наратив и делчиња од посредни докази кои никогаш не докажуваат. Но, уште полошо е да се преправате дека тоа никогаш не се случило, да продолжите понатаму без меа кулпа, без да го промислите сето тоа. Тоа е она што ја урива довербата и предизвикува цинизам кон медиумите.

Не е тоа единствената грешка на НПР.

Лаптопот на Хантер Бајден беше ВЕСТ . Но, новинарскиот инстинкт да се следи жешка вест беше здробен. За време на состанокот на колегиумот, еден од најдобрите и најправедните новинари на НПР рече дека е добро што не ја следиме приказната за лаптопот бидејќи тоа може да му помогне на Трамп.

Во текот на пандемијата, голем број истражувачки новинари објавија убедливи приказни за протекување на вирусот од лабораторија. Но, во НПР не сакавме да ги видиме, во желба да ја поддржуваме приказната за природното потекло.

Нашиот нов директор ни соопшти дека диверзитетот – на вработените и на нашата публика – е главната мисија… Расата и идентитетот станаа најважни во речиси секој аспект на работното место. Од новинарите се бараше да ги прашаат сите што ги интервјуиравме за нивната раса, пол и етничка припадност (меѓу другите прашања), и тие податоци мораше да се внесат во централизиран систем за следење. Ни се држеа обуки за диверзитет и несвесна пристрасност. Добивме милионски грант за таквите иницијативи.

Постои непишан консензус кои приказни треба да ги следиме и како тие да бидат врамени. Тоа се една по друга приказни за наводен расизам, трансфобија, знаци на климатска апокалипса, Израел прави нешто лошо, страшни закани од републиканската политика. Тоа е речиси како комплетче.

Овој начин го окупираше и јазикот. Во документот наречен NPR Transgender Coverage Guidance – дистрибуиран од менаџментот на вести – од нас се бара да го избегнеме терминот „биолошки пол“. Оттука, се зафативме со бизарни приказни – за тоа како Битлси или имиња на некои птици се расно проблематични, се оправдуваше грабежот по продавници со тврдења дека стравот од криминал е расистички; се сугерираше дека азиските Американци кои се против позитивна дискриминација се изманипулирани од белите конзервативци.

Ова, меѓу другото го напиша НПР ветеранот Ури Берлинер во текстот “25години сум во НПР: Еве како ја изгубивме довербата на Америка,“ порачувајќи дека најголема штета за развојот на настаните во неговата куќа е што после толку пари и енергија потрошени за диверзитет, медиумот заврши со кусок диверзитет во различни погледи на светот и настаните.

Toj потсети дека во 2011 година, публиката на НПР била воедначена: 26% конзервативци, 23% центар, 37% либерали. Денес сликата е комплетно поинаква: само 11% с еконзерватицци, 21% центар и 67% либерали.

„Не ги губиме само конзервативците, ги губиме и умерените и традиционалните либерали,“ заклучува уредникот.

Што бидна после ова?

Трамп ликуваше бидејќи тоа е она што тој со години го тврди, па ќе напише:

Нема веќе пари за НПР! Тие се комплетна превара! Нивен уредник призна дека меѓу себе немаат републиканци а единствена цел им е да му наштетат на Трамп!

НПР прво го суспендираше Берлинер, а подоцна тој даде оставка.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тв серијал „Од неформалната страна со претседателските кандидати“- Маским Димитриевски

Следно

Младиот Андреј го живее ракометниот сон: Во Швајцарија бележи спортски успеси, а Македонија ја носи во срцето

Latest from Blog

НЕ САКАМ ДА УМРАМ НА СНИМАЊЕ И ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА МИ Е ДОСТА ОД ГЛУМАТА, РЕЧЕ МАЈКЛ ДАГЛАС

Двократниот Оскаровец Мајкл Даглас вели дека најверојатно завршил со актерската кариера и оти нема  намера да се врати во филмскиот свет. Легендарниот 80-годишен актер гостува на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка,

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства – општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, со воздушна интервенција ќе се продолжи рано сабајле

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите

Поради шумските пожари кои веќе два дена го зафаќаат подрачјето на Чучер Сандево, денес на вонредна седница на Општинскиот совет беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на општината. Градоначалникот
Go toTop