Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

February 5, 2026
2 mins read

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат реалните проблеми поврзани со родовата нееднаквост и создаваат забуна околу тоа што всушност значи еднаквост меѓу половите.

Наместо навремено и одлучно да се спротивстават на овие манипулативни наративи и да им обезбедат на граѓаните точни информации, институциите често остануваат пасивни или реагираат недоволно ефикасно. Ова остава простор за ширење на стереотипи, дискриминација и дополнителна поларизација меѓу мажите и жените.

Таквиот вакуум во институционалната одговорност го потврдува и новата анализа на Здружението за унапредување на новинарските практики „Иновативни медиуми“ и Институтот за медиумска разновидност – Западен Балкан, со наслов „Мапирање на родово обележаните дезинформации во Западен Балкан“.

Анализата открива дека родовите дезинформации не се само изолирани случаи, туку системски феномен кој има долгорочни последици. За време на пандемијата на COVID-19, голем дел од дезинформациите биле насочени кон бремените жени, со тврдења дека вакцините можат да предизвикаат сериозна штета на нивните неродени деца. Додека пак по завршувањето на пандемијата, фокусот е насочен кон антивакцинални наративи кои тврдат дека вакцините предизвикуваат неплодност кај жените.

„Во 2021 и 2022 година, посебно за време на пандемијата, кампањите за дезинформации беа во голема мера насочени кон бремени жени, со ширење на лажни тврдења дека вакцините против COVID-19 ќе предизвикаат сериозна штета на нивните неродени деца. Овие дезинформации поттикнаа страв и неизвесност, поткопувајќи ги напорите за јавно здравје насочени кон заштита на мајките и бебињата. По пандемијата, дезинформациите се префрлија кон антивакцинални наративи, со тврдења дека вакцините предизвикуваат неплодност кај жените. “ стои во анализата.

Според анализата во 2023 и 2024 година, бројот на родови дезинформации значително се зголемува, со особено негативно влијание врз жените во политиката. Често тие биле нападани врз основа на својот пол, изглед или приватен живот, наместо нивните професионални компетенции, што директно го поткопува нивниот кредибилитет и лидерство. Анализата забележува дека овој тренд се интензивирал токму поради зголемените напади врз женските политичарки и повторувањето на штетни стереотипи, што дополнително ја продлабочува дискриминацијата во јавниот простор.

„Во 2023 и 2024 година, бројот на случаи на дезинформации се удвои, со забележлива промена во наративот насочен кон дискредитирање на жените во политиката. Овој тренд стана поизразен поради зголемените напади врз женски политичари, често со фокус на нивниот пол и преку повторување на штетни стереотипи за да се поткопа нивниот кредибилитет и лидерство“ стои во анализата.

Дополнително, бил анализиран и начинот на ширењето на лажни наративи околу Законот за родова еднаквост што на некој начин создаде конфузија во јавноста, со тврдењата дека законот овозможува „со еден потпис маж да стане жена и обратно“, што дополнително ја искриви вистинската содржина на законската регулатива.

Овие примери јасно покажуваат дека пасивноста на институциите не е само пропуст, туку директно придонесува за продлабочување на дискриминацијата и зајакнување на родовите стереотипи. Без навремена и ефективна реакција од државата, јавниот простор продолжува да биде аренa за ширење на дезинформации кои ја релативизираат родовата нееднаквост и индиректно го поттикнуваат насилството врз жените.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Следно

ВИДЕО: Рафет Мемишовски се извини за заканите – „Бев изнервиран и под стрес“

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на

Адвокатот Миланов за случајот Пулс: Постапката треба да запре за лицата кои не биле присутни и не биле на должност таа вечер

Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска побараа да се проверат наводите дека еден од обвинетите, кој се наоѓа во притвор во затворот во Скопје, преку телефон вршел
Go toTop