Како авионот во Торонто заврши „на грб“

February 18, 2025
1 min read

Две нови снимки од авионската несреќа што се случи во понеделникот во Торонто, Канада, беа објавени денеска на социјалната платформа „Х“.

Имено, едното видео е всушност снимка од ударот на авионот во земјата, додека на другата се гледа како изгледала внатрешноста на авионот и евакуацијата на патниците од урнатиот авион.

На социјалните мрежи првично се појави снимка од авионот како удира во земја, по што се гледа како избувнува пожар, а потоа истиот момент беше објавен, но од друг агол.

На снимката се гледа како авионот лета кон земјата, а потоа при слетувањето удира малку посилно и во истиот момент избувнува пожар.

Потоа, на друго видео, снимено од патник за време на евакуацијата на авионот, може да се види како персоналот помага луѓето да се извлечат на безбедно, но по пат им велат да „фрлат се“ и „ништо да не снимаат“, но патникот сепак решил да ја сними ситуацијата.

Конечно, кога излегол во снегот и оддалеку го снимал превртениот авион, најверојатно во шок и стрес почна да пцуе.

Во авионската несреќа на „Делта ерлајнс“ што се случи во Торонто, Канада, повредени се најмалку 18 лица од вкупно 80 патници.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пораст на заболени од шуга минатата година во споредба со 2023 година

Следно

На паркингот на Клинички вози кој како сака: „Имам итен случај“ – се правдаат возачите

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop