Кај што нема дим, има авторитарност

October 8, 2023
1 min read

Секоја година, возраста за пушење ќе се зголемува за една година, со тоа што никој роден после 2008 година никогаш нема законски да може да купува цигари.

Така, неколку децении од сега, ќе може да се види како еден 45-годишник, пред трафика, моли 46-годишник да му купи кутија Ротманс.

Ова е насоката во која се движи не само Англија, туку и светот. Факелот го држи Нов Зеланд кој, освен подигнување на возрасната граница, почна да ја намалува количината никотин во цигарите. Тешко може да биде поглупаво од тоа: речиси безопасниот никотин ќе се намалува а она што всушност убива, катранот, останува.

„Кој ќе помислеше дека прохибицијата ќе направи ваков камбек, 100 години откако Американците со нивната прохибиција докажаа каква глупост е то?, се чуди Том Слејтер од Спајкд, потсетувајќи на зборовите на Кристофер Сноудон: „Во контролата на тутунот не се работи за тутунот. Се работи за контролата.“

Тој во ова гледа победа на нелибералниот либерализам и отфрлање на еден Џон Стјуарт Мил. Новите политичари мислат дека младите се доволно зрели да бираат кој од нив ќе седне во фотеља но не и да одлучуваат што ќе внесуваат во своето тело. Победата е тривијална и затоа што само 13 проценти од англиското општество се пушачи.

Има тука и снобизам, вели Слејтер, кој е дел од општото гадење на средната класа кон оние што пушат – главно сиромашни работници кои имаат толку гадни навики што едноставно не може да им се дозволи да си ги истераат на раат.

„Со ова се заокружува и нешто многу поважно. Се става крај на Англија на толеранцијата, Англија на „живеј и остај нека живеат“ кога прифативме дека луѓето се слободни да одат по својот пат, а тоа некогаш значи и дека може да го претпочитаат задоволството пред долговечноста“.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со претставата „Анатомија на неверството“ на Театар комедија затворен театарскиот фестивал во Крива Паланка

Следно

Египетските медиуми објавија дека полицаец во Александрија убил двајца израелски туристи

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop