Јужнокорејски пратеник: Северна Кореја пратила уште 3.500 војници во Русија

March 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Северна Кореја пратила околу 3.500 дополнителни војници во Русија на обука, со можност за трета рунда распоредување војници, изјави денес јужнокорејскиот пратеник што неодамна ја посетил Украина, јавува Анадолу.

Пратеникот Ју Јонг-веон од владејачката партија Народна сила во Јужна Кореја се повика на разузнавачките информации што ги добил од шефот на украинската воена разузнавачка служба, генерал-потполковник Кирило Буданов, за време на неговата посета на Украина минатиот месец, пренесе Јонхап њуз од Сеул.

Според него, околу 3.500 севернокорејски војници се наоѓаат на обука за адаптација на теренот на пет локации во рускиот Далечен Исток, а постои можност за трето распоредување.

„Втората група севернокорејски војници брои околу 1.500 луѓе и веќе се распоредени во близина на руската област Курск по завршувањето на обуката“, изјави Ју претходно во денешното интервју за радио ЦБС.

„Од украинската Влада добив информации дека се праќаат дополнителни војници за да се дополни постојната сила и дека друга група е во фаза на подготовка за распоредување“, додаде тој.

Ју, исто така, истакна дека Украина проценува дека досега загинале околу 4.000 севернокорејски војници.

Во јануари, јужнокорејската Национална разузнавачка служба тврдеше дека најмалку 300 севернокорејски војници биле убиени, а 2.700 ранети во борбите против Украина.

Во октомври минатата година Пентагон објави дека Северна Кореја пратила околу 10.000 војници во Источна Русија.

Пјонгјанг досега молчеше и не ги коментираше извештаите за наводните загуби и жртви меѓу неговите војници во Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Нови проекти за подобрување на животот на граѓаните

Следно

Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop