Јужна Кореја прогласи „демографска вонредна состојба“

June 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол денес прогласи „демографска национална вонредна состојба“ поради нискиот наталитет и стареењето на населението во источноазиската земја, пренесува Анадолу.

Објавувајќи ја демографската национална вонредна состојба, претседателот Јун вети дека ќе вложи сеопфатни напори за да се справи со ултра ниската стапка на наталитет во земјата, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

„Денес официјално прогласувам демографска национална вонредна состојба. Ќе активираме сеопфатен систем за одговор на ниво на целата влада додека не се надмине проблемот со ниската стапка на наталитет“, истакна Јун.

Јужна Кореја се соочува со ниска стапка на наталитет и стареење на населението; земјата минатата година забележа нова ниска вкупна стапка на плодност на популацијата од 0,72.

Според објавата, јужнокорејските парови избегнуваат да основаат семејство и да имаат деца од неколку причини, меѓу кои се издвојуваат високите трошоци за домување, образованието и долгите работни часови.

Претседателот Јун вети дека ќе преземе конкретни чекори како што се зголемување на надоместоците за породилното боледување, продолжување на отсуството за татковците, имплементација на флексибилни работни часови и олеснување на товарот на родителите во однос на образованието.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на грчката спасувачка служба за исчезнувањето и умирањето на туристи: Сите прават една кобна грешка

Следно

ОЈО Скопје отвори истрага против пет лица за масовната тепачка на Ургентен

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop