Јужна Кореја ќе им доака на дроновите

July 19, 2024
1 min read

Иако има технички супериорни оружја за ликвидирање на дроновите, нивната предност сериозно издишува кога ќе се направи есап за цената на оружјето наспроти цената на дронот кој треба да го уништи.

Решението што го има Јужна Кореја се вика Блок-1 и е ласерски систем кој „може прецизно да ги гаѓа дроновите и мултикоптерите кои се во негов домет.“ Цената на системот не е позната, меѓутоа во соопштението на производителот се наведува дека еден истрел од ласерот чини околу 1,5 долар.

Големината на оружјето е колку бродски контејнер, над кој има ласер и радар, и испукува зрак што е невидлив и безвучен и е „тешко ако не и невозможно да се открие пред удар.“

Оваа верзија е ограничена на дронови, меѓутоа за идните верзии се размислува да се надградат и да можат да уништуваат поголеми мети како авиони и балистички проектили.

Досегашните одбранбени системи на која било армија главно се потпираа на десетици илјади евра скапи проектили за уништување на непријателските дронови.

Во април 2023 системот бил оценет како погоден за борба откако на тестовите постигнал 100% успех на тестовите во соборувањето на живи мети.

Јужна Кореја е прва држава која јавно објави дека ќе распореди масовно произведувани ласерски системи за борба со дронови.

На почетокот од годинава Британија објави тестови на ласер против дронови, на кој еден истрел му чинеше 13 долари, меѓутоа никогаш не беше даден рок за негово влегување во служба. Во 2022 и САД имаа успешен тест на слично оружје, но американската морнарица порача дека се работело само за тест.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Изгаснат пожарот кај „Бисер“ во скопски Аеродром

Следно

Тенискиот клуб Југ е старо-нов шампион на Македонија

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop