Јужна Кореја и САД изведуваат заедничка воена вежба, а Кин Јонг-ун ја посети севернокорејската морнарица

August 21, 2023
1 min read

СЕУЛ (АА) – Вооружените сили на Јужна Кореја и САД започнаа денес заедничка воена вежба, а северокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ја посети поморската единица каде го следеше тестот на крстосувачки ракети лансирани од воен брод, пренесува Анадолу.

Станува збор за 11-дневна годишна вежба „Улчи фридом шилд“ (UFS) на Јужна Кореја и американската војска.

„Вежбата е заснована врз сеопфатно воено сценарио… Има за цел јакнење на заедничката подготвеност среде засилени тензии поради ракетните тестирања од страна на Северна Кореја и поострата реторика против сојузниците“, објави агенцијата Јонхап со седиште во Сеул.

Вежбата вклучува вежби на командното место засновано на компјутерска симулација, истовремена обука на терен и вежба на цивилната одбрана Улчи.

Јужнокорејските воздухопловни сили исто така одржаа вежба за противвоздушна одбрана на 12 места низ земјата.

Паралелно со ова, агенцијата КЦНА (Корејската централна новинска агенција) со седиште во Пјонгјанг објави дека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, ја посетил поморската флота која има за задача да го брани источниот брег. Во веста не е прецизиран датумот кога се случила посетата.

„Ким ја замоли поморската единица да даде пример во подготовката за борба и секогаш да преземе водство во јакнењето на морнарицата“, наведуваат од Пјонгјанг.

Севернокорејскиот лидер присуствувал и на вежбата во која морнари на патролен брод изведоа лансирање на стратешки крстосувачки проектили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна Меѓународната ликовна колонија ,,Михајлово 2023″ во Кавадарци

Следно

Фудбалерката Кармона дознала дека татко ѝ починал моменти откако ѝ донесе злато на Шпанија

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop