Јувентус ја објави разделбата со Пол Погба

November 15, 2024
1 min read

Јувентус ги потврди информациите дека се разделуваат со Пол Погба. Двете страни постигнале договор за раскинување на договорот со играчот на 30 ноември.

На играчот од средниот ред му беа суспендирани натпреварувачките права од септември 2023 година поради позитивен допинг тест. Сепак, неговата првобитна четиригодишна казна беше намалена на 18 месеци, што значи дека може да ја продолжи кариерата во март 2025 година.

Погба во март ќе наполни 32 години.

Французинот се врати во Јуве во 2022 година на слободен трансфер од Манчестер Јунајтед, кој го купи од „бјанконерите“ за 105 милиони шест години претходно.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го именува Стивен Чунг за директор за комуникации на Белата куќа

Следно

Ахмети: Народот ќе го брани албанскиот јазик, Приштина да го крене гласот на меѓувладината седница

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop