Jунајтед најде замена за Мегваер

March 26, 2025
1 min read

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед планира да се раздели со 32-годишниот дефанзивец Хари Мегваер и на негово место тоа да го ангажира 22-годишниот фудбалер на Евертон, Џаред Брантвејт, објави TEAMtalk.

Според истиот извор, Јунјатед долго време ја разгледувал можноста да го продаде Мегваер, но трансферот бил попречен во последните два преодни рока поради високите барања за плата на Англичанецот.

Сега Јунајтед е подготвен да инвестира во млад централен дефанзивец, а според англиските медиуми Евертон за услугите на Брантвејт бара сума од околу 80 милиони фунти.

Мегваер го носи дресот на Манчестер јунајтед од 2019 година. Досега за тимот од „Олд Трафорд“ одигра 234 натпревари.

Неговиот договор со Јунјатед е до лето 2026 година. Пазарната вредност на Мегваер се проценува на 15 милиони евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шумските пожари во Јужна Кореја однесоа најмалку 19 животи, се урна противпожарен хеликоптер

Следно

Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop