ЈСП ги дискриминирала Ромите во Шуто Оризари: Возачите ги игнорираат и кршат основни права

January 3, 2025
1 min read

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се соочува со обвиненија за дискриминација на Ромите од Шуто Оризари, поради етничка припадност и боја на кожата. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека на автобусите број 19 и 20, кои ги поврзуваат овие населби со Центар и Карпош, се случиле сериозни неправди.

На линијата број 20, возачот бил забележан како спие на последната постојка во Шуто Оризари, додека патниците чекале да се качат. На линијата број 19, возачите пак ги одминувале патниците на постојката кај главната Пошта, особено во попладневните часови кога се враќале од работа. Жителите на Шуто Оризари велат дека морале да фаќаат такси, иако имале месечни билети за ЈСП.

Претставката до Комисијата посочува дека овие настани доведуваат до дополнителна маргинализација на Ромите, кои се исфрлени од основните општествени придобивки како образование и вработување поради недостигот на сигурен и редовен јавен превоз. Ова ја ограничува мобилноста на ромската популација, што ја продлабочува нивната социо-економска исклученост.

Комисијата утврди дека ЈСП е директно дискриминирало Роми врз основа на етничка припадност и боја на кожата, и препорача да се обезбеди редовен јавен превоз за жителите на Шуто Оризари во рок од три месеци, како и прекинување на дискриминаторските практики.

Не е првпат ЈСП да се соочи со вакви обвиненија. Во 2021 година, Комисијата утврди дека ЈСП ги дискриминирало Ромите и со погорни практики, вклучувајќи неосновано избркување на мајка и дете од автобус поради нивната етничка припадност.

Овие случаи ја потврдуваат сериозноста на дискриминацијата врз Ромите во јавниот превоз и ја нагласуваат потребата за подобрување на пристапот до јавни услуги за сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од месец март линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

Следно

Криминал тежок 145.000 евра: Осум цариници овозможиле 35 автомобили незаконски да се продаваат

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop