ЈП Паркови и зеленило ја демантира општина Карпош: За конкретното дрво нема пристигнато никакво барање ниту пак има издадено Решение за сечење

March 4, 2025
1 min read

Во врска со денешниот немил настан во општина Карпош кога гранка од дрво повреди дете ЈП Паркови и зеленило изразува длабоко жалење.

Како што велат, најостро ги демантираат наводите на општина Карпош дека дрвото било обележано за сечење.

„За конкретното дрво до нас нема пристигнато никакво барање ниту пак има издадено Решение за сечење. По барањата на странките за интервенција врз дрвјата редовно се постапува. Во досегашното работење на сите барања на Општина Карпош е одговорено. Во член 29 став 2  во Законот за урбано зеленило стои дека врз основа на поднесеното барање, општината е должна во рок од седум дена да донесат решение со кое ќе ја утврдат потребата за сечење, односно кастрење на оштетеното дрво, и на видливо место се обележува дека дрвото е за сечење или кастрење со црвена боја на височина од 130 сантиметри (сечење: „С“ или кастрење: „К“). Во случајот е евидентно дека дрвото не е обележано со никаков знак како што е утврдено во Законот за урбано зеленило . Сметаме дека надлежните од општината го злоупотребиле овој немил настан од причина што доколку се работи за подрачје на нивна општина за кое требало да поднесат барање“, велат од таму.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петгодишното дете проголтало таблети „золпиден“, префрлено на скопските клиники

Следно

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Сојуз на борци на НОАВМ и граѓани продолжувачи

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

ФОТО: FC Barselona/X Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал. ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин
Go toTop