“ЈП Македонија Пат“ во криза, Николоски ветува реформи по изборите

August 18, 2025
1 min read

Планираме целосна реконструкција на Јавното претпријатие “Македонија пат” веднаш по изборите. Претпријатието има наследени милионски долгови и потребно е итно да се консолидира за да добиеме подобро одржување на патишата – истакна во вечерашното гостување во “Вести Плус” на “Канал 5”, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

– Претпријатието е во многу лоша состојба, има наследени долгови од минатото некаде 27-28 милиони евра. Со таков товар тоа претпријатие не може да ја врши својата работа, така што едно целосно реконструирање на Македонија пат е приоритет и се надевам дека следно лето кога ќе се видиме, ќе можеме да зборуваме за многу подобро одржување на патиштата, рече вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот истакна дека приоритет за одржување на Владата се сите патни правци, вклучително и тие кои водат до помалите населени места, а во однос на обнова, приоритет е Коридорот 10 и скопската обиколница.

-Оној дел кој што оди од Демир Капија, преку Неготино, Велес, Скопје, Куманово и граница со Србија, веќе е зрел за реконструкција, така што таму се работи на проект за реконструирање. Обиколницата на Скопје, се направија некои интервенции, но е потребна целосна реконструкција и таму, истакна Николоски.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три активни пожари во Македонија, 16 се изгаснати – еве на кои места гори

Следно

Зеленски ѝ се заблагодари на Меланија за испраќањето писмо до Путин

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop