Јовановски: Верувам дека Кичево заслужува нова енергија и нова визија

September 25, 2025
1 min read

Денеска заедно со носителката на листата за советници и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Жанета Милановска Петреска и членовите на Унија на ветерани, основачи од Кичево, одржавме работен состанок со луѓето кои својата младост, енергија и знаење ги вложивте во изградбата и одбраната на идеалите на ВМРО-ДПМНЕ, но уште поважно – во изградбата на Македонија каква што ја знаеме денес, Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот г-дин Маноил Јаковлески. Кичево отсекогаш било град на борба, на упорност и на чесни луѓе, вашата жртва и заложба се темелот врз кој ние, поновите генерации, ја градиме иднината. Пред нас се важни избори. Избори на кои не одлучуваме само кој ќе управува со општината, туку и во каков град ќе живеат нашите деца и внуци. Јас верувам дека Кичево заслужува нова енергија, нова визија и чесно, домаќинско управување. Ви благодарам од срце за вашата безрезервна поддршка! ПОБЕДУВАМЕ, напиша на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ни Трамп нема да им помогне: УЕФА сепак ќе ги суспендира Израелците! (ФОТО)

Следно

Браво: Ливерпул го исплатил целиот договор на семејството на Диого Жота!

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop