Јорданов: Реализиравме бројни инфраструктурни проекти со кои се овозможува раст и развој на општина Штип

August 24, 2025
1 min read

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 4 години инвестиции во инфраструктурата, имаше градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, кој истакна дека вложувањето во постоечката инфраструктурата и создавањето на нова, овозможува развој на општината, како и тоа дека благодарение на новата Влада се инвестира со инфраструктурни проекти кое доведуваат до раст и развој на регионот и државата.

„Вложувањето во инфраструктурата овозможува развој на локално регионално и државно ниво, во име на тоа изминатите години инвестиравме во одржување на веќе постоечката инфраструктура, но она коешто е значајно, кон коешто се стремиме е тоа што инвестиравме во создавање на нова инфраструктура, којашто создава нова вредност развој на општината и на регионот. Благодарение на политиките на новата Влада којашто веќе година дена преку ресорните министерства вложува во локалната самоуправа во регионален развој, успеавме изминатава година со помош на Министерството за транспорт и врски да започнеме реализација на инфраструктурни проекти, тоа се нови водоводни мрежи, нови водоводни линии на комплетно нови населби населени места кои ќе овозможат Штип да се развива, да расте“, рече Јорданов.

Градоначалникот на општина Штип истакна дека се вложува во проекти со кои се поврзува општината со другите населени места.

„Успеавме да реализираме проекти со кои Штип полесно се поврзува со другите населени места, Коридорот 10 ќе го овозможи тоа да преку побрз и поевтин транспорт компаниите во тој регион и сопствениците на капитал бидат мотивирани да инвестираат да отвораат работни места и правопропорционално да се развива општината, регионот и државата“, вели Јорданов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски за првпат инвестирање во секое населено место

Следно

Дневен хороскоп: Бикот да внимава како се однесува, а Овенот да направи проени

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е

Вајц бара Европскиот совет да ги расчисти дилемите околу Проколот со Бугарија

Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на
Go toTop