Јокиќ: Минесота не ни дозволува да играме добро

March 13, 2025
1 min read

Најдобриот кошаркар на Денвер нагетс, Никол Јокиќ, ја посочи Минесота како еден од најнезгодните противници за нив во тековната сезона.

-Не ни дозволуваат да играме добро. Тие точно знаат што прават, рече Јокиќ по поразот ноќеска од Тимбервулфс со 115:95.

Јокиќ постигна 34 поени, осум скока и четири асистенции при што шутираше 13 на 23 од поле.

-Треба подобро да ја завршиме нашата работа. Не знам зошто, но ние играме многу лошо против нив. Сакам да победувам на секој натпревар, тешко ми е да прифатам каков било пораз. Кога некој постојано ве победува, дефинитивно треба да разберете што е работата и внимателно да размислите за тоа, додаде српскиот центар.

Минесота сезонава во НБА-лигата има 3:0 во дуелите со Денвер.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирискиот претседател потпиша уставна декларација за 5-годишен преоден период

Следно

Тајмлапс-снимка ја доловува убавината на Момината кула на изгрејсонце во Истанбул

Latest from Blog

Go toTop