ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија

January 18, 2026
1 min read

Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во дом на родители на судија од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот, информираше вечерва Јавното обвинителство, посочувајќи дека се работи за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во државава поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност.

Како што соопшти Обвинителството, во рамки на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември бил осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземале дејствија што резултирале со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание.

– Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд денеска беше извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на сега осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени. Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката, се вели во соопштението.

Оттаму потенцираат дека станува збор за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во нашата држава досега, која, посочуваат, е поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност.

– Дејствијата координирани од јавниот обвинител ги преземаат припадници на Одделот за борба против организиран криминал при Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, чија посветеност и професионален интегритет придонесе за успешно разоткривање и обезбедување докази за еден од најсериозните и најсложените облици на криминал, информира Јавното обвинителство.

За случајот информира и Министерството за внатрешни работи, од каде наведуават дека полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, по барање на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК а врз основа на издадена Наредба од судија на претходна постапка извршиле претрес на дом и други простории на подрачје на Неготино, заради пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од сторени Кривични дела.

-При претресот во соѕидан простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени. Денешното постапување е како резултат на дејствија преземени во рамките на опсежната истрага на ОЈО ГОКК откако на 14 декември 2025 беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Станува збор за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во нашата држава до сега, која е поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност. Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката, се вели во соопштението.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фиорентина со голема победа, посветена на починатиот претседател Комисо!

Следно

Серлот му донесе триумф на Атлетико Мадрид!

Latest from Blog

Фото: Шон Пен „уловен“во друштво со млада убавица

Како што објавија странските медиуми, ова е ретка можност заљубениот пар да се види заедно во јавноста, па затоа не е изненадувачки што нивното појавување привлече големо внимание  посебно на социјалните мрежи.

Македонците бараат поништување на одлуката на албанската Влада за отворање центри за мигранти во ОПШТИНА ПУСТЕЦ

Македонската заедница од Општина Пустец, преку партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја изразуваат длабоката загриженост и силното противење во врска со одлуката на албанската Влада за отворање три прифатни центри

Серлот му донесе триумф на Атлетико Мадрид!

ФОТО: Atlético de Madrid/FB Атлетико Мадрид продолжи со серија добри резултати на домашен терен, славејќи во првиот натпревар по двонеделна пауза во шпанското првенство на „Ванда Метрополитано“ против Алавес со 1:0 во
Go toTop