ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

April 25, 2025
1 min read

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да започне на почетокот на мај, соопшти Јавното обвинителство. Од таму информираат дека поради големиот број оштетени и засегнати лица, ќе следи дополнително известување со детали за распоредот и динамиката на испитувањата.

Обвинителскиот тим кој работи на предметот, како што велат од ЈО, интензивно презема итни и неодложни дејствија, кои во моментот вклучуваат сослушувања и координација на вештачења неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.

-Во тек е прибирање на сите потребни податоци и контакти од оштетените и семејствата на настраданите, како и информации за нивните полномошници. Во зависност од здравствената состојба на повредените и другите околности, обвинителството ќе ги извести сите засегнати навремено за нивното учество во постапката, стои во соопштението.

Во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, се осомничени 68 физички и три правни лица.

Пожарот беше предизвикан од искри од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“. Дискотеката работела без валидна лиценца и прекршувала бројни безбедносни стандарди, вклучувајќи недостаток на противпожарни системи и доволно излези за евакуација.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Mу велев да не пука во луѓе“

Следно

Колекцијата на МСУ-Скопје ја одушеви публиката во Љубљана

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop